Гpyби: Д У И не се мешаше во „Moнcтpyм“, само побаравме повторување на пocтапката

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првиот вицепремиер и министер за политички системи, Артан Груби од ДУИ, не сака да го коментира судскиот процес „Монструм“, но тврди дека единствен пат кога неговата партија се вмешала во случајот, било барањето да се повтори судскиот процес.

Не ги коментираме судските процеси и одлуки. Единствен момент каде ние како политичка партија бевме вмешани во овој случај беше во барањето да се повтори постапката поради недовербата на целата јавност во претходната одлука на судот. И тоа го постигнавме. Оттука натаму е работа на обвинителството, на одбраната и на судот во судска постапка да си ги докажат своите аргументи, рече Груби на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарски прашања.

Груби не сакаше да ги коментира изјавите на тогашниот опозиционер Зоран Заев, кој тврдеше дека невини луѓе се во затвор.

Јас можам да одговарам за тоа што беше наш став, рече Груби повторувајќи го ставот на ДУИ дека требало да се повтори процесот.

За потсетување, партијата тогаш од побара меѓународна експертиза и вклучување на ФБИ во случајот, а за тоа лобираа и во американската амбасада и кај американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, Викторија Нуланд.

Во октомври 2017, ДУИ ја поздрави одлуката на Јавното обвинителство за укинување на првостепената и на второстепената одлука на Основниот и на Апелациониот суд во случајот „Монструм“.

Тогаш Артан Груби на прес-конференција рече дека тоа е единствената правична одлука што можеше да ја донесе Јавното обвинителство. Порача дека тие го охрабруваат Врховниот суд да ја донесе одлуката за повторно судење на овој, како што го нарече, контекстиран судски спор.

При таа одлука се надеваме дека истовремено Врховниот суд ќе донесе одлука за целосно ослободување на луѓето кои се во затвор за овој случај, рече Груби и додаде дека процесот на преиспитување на некои одлуки треба да продолжи и со случаите „Диво насеље“ и „Сопот“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This