Гpyби: Ќе коалицираме со СДCM, некаде во прв круг, нekaде во втор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Коалицијата на ДУИ и СДСМ за претстојните локални избори е договорена од лидерите на партиите и предвидува комбиниран модел на поддршка – некаде во прв круг, некаде во втор круг, но ве уверувам дека сме апсолутни фаворити на овие избори, изјави првиот вицепремиер и министер и за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.

-Имавме состанок господинот Заев и господинот Ахмети на којшто учествувавме и Николовски и јас, договаравме во детали коалиција за локалните избори која што наликува на таа што ја направивме во 2017 година. Гледајќи во анкетите убедени сме во победа во огромно мнозинство во сите општини во нашата држава вклучително и градот Скопје, Тетово, Гостивар, Велес, Битола и други поголеми градови во нашата држава. Ќе имаме комбиниран модел на поддршка, некаде во прв круг, некаде во втор круг, но во едно нешто ве уверувам дека сме апсолутни фаворити на овие локални избори, рече Груби на новинарско прашање по промоцијата на поштенска марка по повод 20 години од Рамковниот договор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This