Гyвepнepoт нa Teкcac контра Бајден: Зaбpaни зaдoлжитeлнo вakциниpaњe пpoтив Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гувернерот на Тексас, Грег Абот вчера издаде извршна наредба со која им се забранува на компаниите и другите субјекти да наметнуваат обврска за вакцинација против Ковид-19.

Со тоа републиканскиот гувернер Абот се спротивстави на американскиот претседател Џо Бајден, кој изминатите месеци ги повикува работодавците низ целата земја да им наложат на своите вработени да се вакцинираат против коронавирус или да им се заканат со отказ.

Вакцината против коронавирус е безбедна, ефикасна и е нашата најдобра одбрана од вирусот, но треба да остане доброволна, а не наметната, истакна Абот.

Во наредбата се наведува дека „ниту еден ентитет во Тексас” не може да бара доказ за вакцинација од кое било лице, вработени или клиенти.

Технолошките гиганти Фејсбук и Гугл побараа од своите вработени да поседуваат сертификат за вакцинација за да можат да се вратат во своите канцеларии. И двете компании вработуваат голем број луѓе во Тексас.

Американ ерлајнс им нареди на своите американски вработени до 24 ноември да приложат сертификат за вакцинација, а во спротивно ќе добијат отказ. Тие наметнаа обврска за вакцинација на 60.000 нивни вработени од САД, од кои околу 9.000 се во Тексас.

Обврската за вакцинација стана горливо политичко прашање во САД и голем број конзервативци веруваат дека државата ги надмина своите овластувања, додека опонентите оценуваат дека обврската е клучна во борбата против Ковид-19.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This