Давитковски: Правилата се јасни, министерот му поднесува ocтавка на премиерот, не на спикерот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот од правниот факултет во Скопје, Борче Давитковски, вели дека министерот оставка од својата функција може да поднесе до премиерот, а не до Собранието, од причина што премиерот е тој кој ги именува министрите.

– Оставка се поднесува до мандаторот кој вас ве предложил. Нема што министерот да му поднесува оставка на спикерот Талат Џафери. Заев е мандатар, тој форимирал влада, а Филипче е тим од владата. Ако ја прифати премиерот оставката, на негово место ќе предложи друг за кој потоа ќе се изјасни Собранието. Собранието само гласа тоа што ќе му предложи мандаторот. ВМРО-ДПМНЕ може да поднесе барање за разрешување на министерот, но мора убаво да ги образложат причините по кои Собранието ќе расправа и сето тоа пак ќе се сведе на интерпелација. Ваквите изведби на ВМРО-ДПМНЕ се игри за ситни политички поени. Правилата се јасни – вели професор Давитковски.

Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека до Собранието ќе достават предлог за разрешување на Филипче и неговиот заменик. Според опозициската партија, министерот за здравство својата оставка требал да ја поднесе во Собранието, а не кај премиерот.

– Даваме рок до вторник рано претпладне, министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани да ги достават своите оставки до Собранието, како би можело тие да бидат констатирани на почетокот на веќе закажаната нова седница истиот ден, а дококу не бидат поднесени овие оставки, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог-одлука за нивно разрешување, информираше на вчерашната прес-конференција лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This