ДАДАР СЕ ПОФАЛИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Катица Јанева му „падна“ во негови раце

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Познатиот стилист Александар Билјановски – Дадар се погрижил за изгледот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, пред нејзиното гостување во емисијата ,,Правда и неправда” на 1ТВ.

Дадар се пофали со фотографијата со Јанева, која дошла на разубавување во неговиот салон ,,Мое студио Дадар’ .

-Денес во посета на ,,Мое студио Дадар’ наша драга гостинка, Катица Јанева – напиша Дадар.

-Јанева има убаво лице, ама ти си ја направил уште поубава, за 20 години е подмладена – се дел од коментарите под фотографијата со обвинителката.

Покрај Јанева, голем е бројот на жените од политиката, јавниот живот и естрадата кои ги користат неговите професионални услуги.

Дадар има изјавено дека е задоволен што македонската жена стекнува навика се повеќе да се грижи за себе на професионален начин, и растел бројот на девојките и жените кои го посетувале неговото студио.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This