March 28, 2024, 10:10 pm

Дака Давидовиќ, бизнисменот со кој Заев правел бизнис, повикан во пoлициcka cтaницa во Србија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за внатрешни работи на Србија Александар Вулин на денешната седница на советот на општина Белград, соопшти дека МВР има испратено официјално барање до Миодраг Дака Давидовиќ, поради неговите тврдења дека српскиот претседател Александар Вучиќ планирал атентат врз него.

– Ако тоа не го направи, ние ќе ги превземеме сите правни работи да бараме негова испорака со цел да даде изјава, затоа што тоа што го кажа мора и да го сподели со органите во земјата. Доколку не дојде во полициска станица и не сака да ги сподели сознанијата со нас, се плашам во неговата зла намера и уште една лага пласирана да го повреди претседателот Александар Вучиќ – рече МВР Александар Вулин.

Министерот најави дека доколку тоа не го направи, Србија ќе бара негова екстрадиција. Според неговите зборови, ваквата пракса на давање информации за вакви сознанија ќе биде воведена за сите учесници во јавниот живот.

– Ако имаш такви сознанија, збор со таква тежина, полицијата е твоја адреса, дојди и кажи ни нам, а ние ќе направиме се што ќе кажете да биде расветлено – порача Вулин.

Миодраг Дака Давидовиќ е црногорски бизнисмен кој се сомничи за висок член на Балканското криминално подземје.
Во Македонија Дака стана познат по објавената аудио-снимка на која се слуша неговиот глас, додека преговара со Зоран Милевски-Кичевскиот за бизнис кој го договарал со Зоран Заев, а за кој бизнис македонскиот премиер не си останал на збор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This