ДАЛИ АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО СЕ ПРЕТВОРА ВО ПРОФИТАБИЛЕН БИЗНИС: Преку 2 милиони евра ќе се потрошат за маски и прочистувачи на воздух

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Актуелната власт централана и извршна, додека беше во опозиција делуше енергично и уверено кога го критикуваа односот на тогашна Влада на Груевски за аерозагадувањето. Впрочем, целокупната кампања се базираше на пораки и решенија како наводно откако ќе дојдат на власт веднаш ќе се зафатат со работа „За Чист Воздух“.

Безброј пресови беа одржани од страна на СДСМ- Шекеринска, Манчевски, Шилегов, Богоев и ред други се редеа и посочуваа виновници за загадениот воздух во Скопје, но откако запоседнаа во министерските и градоначалничките фотелји издишаа.

Две години извршна, една година ценрелна власт- нула решенија, минорни мерки кои ниту минорно не се рефлектираа на аерозагудањето.

Секторот на екологија и животна средина при град Скопје ќе ја заврши годината со едвај милион денари реализација на проекти и иницајативи за прочистувањето на воздухот. Ако подетално се прегледаат кварталните извештаи од работењето, единствените средства кои се потрошени се на некакви си „собиранки“ конференции на кој се зборело за аерозагувањето.

Иако програмата предвидува изготвување на регистар на аерозагадувачи, од ова нема ниту трага ниту глас, а сега најнова мерка која се најавува е зголемувањето на цената на паркингот во централното градско подрачје за 100% од редовната цена кога градоначалникот Шилегов ќе прогласи вонредна состојба од енормно загадување.

Слична вакава мерка беше воведена и лани кога мнозинството во Советот на Град Скопје предводено од СДСМ изгласа воведување на платен паркинг на Водно, по што рекреацијата на чист планински воздух на Водно стана вистински луксуз за граѓаните на Скопје.

Министерството за здравство на чело со Венко Филипче пред некој ден обелодениија дека ќе набават 43.000 маски  кои ќе бидат поделени на хронично болните, а вакви маски можат да се најдат и во продажба по аптеките. Цената на една масака по аптеките изнесува 890 денари, а ако оваа сума ја помножите со 43000 се добива 38,270,000 милиони денари или нешто под 625 илјади евра.

Вториот продукт кој се форсира како наводна солуција се прочистувачите на воздух кои се поставуват по средните и основните училишта, а и во градинките.

Во град Скопје има 22 средни училишта, 65 основни училишта, 18 градинки(со дополнителни објекти-клонови), овие податоци се од официјалните регистри на Министерството за образование и труд и социјална политика, ако се земе во просек дека барем по 20 простории, училници од секој објект треба да се опремат со прочистувач на воздух се доаѓа до бројка од 2100. Просечна цена на прочистувач на воздух за просторија над 50 метри квадратни изнесува 600 евра, ќе дојдеме до сума од 1,260,000 евра.

Овие средства се за набавка на апаратите, а одржувањето и амортизацијата- филтри, течност, јонизатор итн дополнително ќе треба да се набавуваат за апаратите да можат да работат.

Можеби ќе се запрашате зошто ги спориме или пишуваме за прочистувачите на воздух кои се сепак единственото брзопотезно решение за загадувањето, сепак ќе го поставиме следното прашање.

Било кој од нас кога има проблем со респираторните органи и дишните патишта, матичните доктори и лекари не советуваат да седиме дома на затворено и да избегнуваме излегување надвор, особено во вечерните часови. Генерлано советот е да седиме дома. Фраза која СДСМ ја исмеваа како решение на претходна власт против загадувањето.

Сега имаме ситуација каде власта, образовните установи ги опремува со овие уреди за да можеме да седиме и дишеме чист воздух во затворени порстории. Значи сега фразата е седете во затворено каде е прочистен воздухот, не ни помислувајте да излезете надвор.

Трететиот производ се мерните станици кои намерно или ненамерно се распипани и неисправни, а владата не ни помислува да ги санира и поправи во „екот на сезоната“.

Околу 2 милиони евра народни пари ќе бидат или веќе се потрошени за набавка на овие „револуционерни производи“ кои ќе ни овозможат да го преживееме загадувањето и да подишеме воздух. За ефикасноста најверјатно ќе зборуваме за некоја година, кога ќе не стасаат последиците или ефектите, а во меѓувреме 2 милиони евра ќе завршат на сметките на компании блиски до власта.

Александар Трајановски

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This