ДАЛИ ВЛАСТА МУ ГАРАНТИРА НА OРЦЕ ДЕКА ПОЛЕСНО ЌЕ ПОМИНЕ АКО НЕ СПОМЕНУВА ПОЛИТИЧАРИ: Како Камчев заборави да го спомене состанокот кој што тој го имал заедно со Венко Филипче и Боки 13?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вкрстеното распрашување на сведокот Орце Камчев, Бојан Јовановски го праша да раскаже за средбата што ја имале во периодот од 15 до 20 март во неговиот дом.

Тоа се случи во домот на Јовановски и тој ме повика да разговараме за некоја важна работа. На средбата беше присутен и актуелниот министер за здравство Венко Филипче, рече Камчев.

По завршувањето на денешното рочиште, Орце Камчев имаше изјава за медиумите. Новинарот на телевизија Клан Македонија, Фуркан Салиу го запраша Камчев како тоа заборавил во исказот да го спомене состанокот со Боки 13 на кој присуствувал министерот Филипче

-Зошто кога во детали го раскажувавте случајот, како заборавивте да го кажете  состанокот каде што бил присутен господинот Филипче? Дали добивте можеби гаранции од власта дека доколку не спомнете имиња ќе поминете  полесно?

 

-Не јас, небитен состанок значи такви состаноци ако спомнував, одговори Камчев.

 

Бојан Јовановски, првообвинет во случајот каде што бил присутен министерот да ве потсетеам, додаде Салиу.

 

-Јас кажав и во мојот исказ многу функционери, многу директори биле злоупотребувани од страна на Бојан Јовановски и да беше важно за процесот сигурно ќе го кажев, вели Камчев.

На прашањето на Салиу се надоврза и уредникот на Инфомакс, Александар Митовски кој го запраша Камчев дали е под политички притисок.

 

-Да го надополнам прашањето на колегата само, дали сте под некаков политички притисок, да не спомнувате никакви имиња на политичари и функционери на ова рочиште, запраша Митовски

 

-Видете во мојот случај „Империја“ направен за да дојде до „Рекет“ немало директно присуство на ниту еден политичар, да имало и на еден политичар јас тоа ќе го соопштев и ќе го кажев во јавноста. Колку што гледаме понатаму во случаите со „Меѓуанродниот сојуз“ и слично ако се потврди  таа група, таму вероватно има некаква инволвираност на некои други луѓе кои што биле во власта. Јас не сум имал таков притисок, одговори Камчев.

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/471266540409288/

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This