Дали Движењето Беса ја напушта владата на Заев?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на Заев секојдневно се соочува со проблемот околу бројките, веќе неколку дена имало обиди за составување на парламентарно мнозинство, но без успех.

Откако беа објавени проектите од културата, „главоболките“ за премиерот Зоран Заев се чини како да се зголемија. Како што пишува албанската новинска агенција „ИНА“, Движењето Беса можно е да ја напушти владата поради одобрените проекти од страна на Министерството за култура, каде што Албанците се дискриминирани.

Четворицата пратеници од ова партија се клучот за владината коалиција, но деновите што следат ќе бидат одлучувачки.

Последната одлука на Министерството за култура беше врв на незадоволството кај оваа партија од власта.

Министерството за култура ги дискриминираше албанските проекти. Само 16% од буџетот се оделени за албанските проекти. Односно, само 84 милиони и 300 илјади денари, од вкупно 508 милиони денари колку што е и вкупниот буџет.

Заменик министерот за култура, Седат Сулејмани во изјава за ТВ21 отворено истакна дека резултатите кој што беа објавени од страна на министерката за култура Ирена Стефоска се дескриминирачки.

-Одлуката на министерството е дискриминирачка и надвор од секоја логика. Јас неколку пати се обидов да бидам дел од процесот од годишната програма, но министерката го злоупотреби тоа што законот и го дозволува, повикуваќи се на истиот и тоа дека таа одлучува за се, потенцираше заменик министерот Сулејмани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This