March 28, 2024, 10:43 pm

Дали знаете зошто китиме Новогодишна елка?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Некогаш китењето на елката се поврзувало само со богатите, односно тие некогаш биле единствените коишто кителе елка за католичкиот Божиќ, а подоцна и за Нова година.

Китењето на елката на начинот на којшто тоа го правиме и денес, е “родено” во Германија, кога во средниот век за католичкиот Божиќ елката се китела со црвени јаболки, а во западниот дел на денешна Германија и со колачиња во најразлични облици, како и свеќи коишто го симболизирале Исус Христос како вечна светлина.

Во вековите подоцна овој обичај се проширил ширум целиот Стар континент, а во Англија елките накитени со бонбони, хартиено цвеќе, машни и мали подароци за прв пат се појавиле во 1841-та година.
Украсувањето на елката некогаш било резервирано само за богатите, но овој обичај набрзо го прифатиле сите. Доселениците од Германија овој обичај го претставиле и во САД, а Азија за китењето на елките дознала од мисионерите.

Меѓутоа, постојат бројни теории за тоа од кого точно обичајот за китење на елката навистина потекнува, а одговорот на ова прашање го овојпат ви го донесува National Geographic.

Најчесто се споменува симболиката на дрвото во обредите пред појавата на христијанството, особено во приказната за дабот на громовникот Тор. Дабот всушност претставува важно дрво во старите верувања на разни народи, каде ова дрво вообичаено претставува симбол и свето растение на врховните богови-громовници. Во словенската митологија, ова е дрвото на Перун.

Во нордиската митологија пак, дабот важи за свето дрво на громовникот Тор. Според една предание, за време на христијанизацијата на Германите, Свети Бонифациј ги сотирал светите дабови на германскиот род Хати и од нив правел цркви, а улогата на свето дрво ѝ ја предал на елата (чиј триаголен облик го симболизирал Светото Тројство). Слични напори во своите мисии правел и македонскиот светител Константин Филозоф, кога се обидувал да ги хирстијанизира Аланите и околните народи. Притоа дабот го исекол со триесет и три удари, симболизирајќи ја возраста на која воскреснал Исус Христос.

Според легендата, христијанскиот мисионер Бонифациј, потенцирал дека во 723-та или 724-та година, го исекол едно од овие стебла, како на паганите би им ја покажал супериорноста на христијанството над нивната религија. Тој во тоа и успеал и моментот опишан со оваа легенда вообичаено се смета за клучен за христијанизацијата на Германите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This