ДАЛИ ЗНАЕТЕ ШТО ЗНАЧИ КОГА ЌЕ ВЕ ЗАЧЕШААТ ЛАКТИТЕ,ПРСТИТЕ ИЛИ СТАПАЛАТА: Ќе добиете убави вест,пари или патување!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Колку пати кога ќе ве зачешала дланката на раката сте размислиле дали е во прашање левата или десната, бидејќи не е сеедно дали парите ќе дојдат или ќе одат? Со ова народно верување, сите се запознаени, но дали знаевте и за ова?

Ние добро знаеме дека кога десната рака не чеша тоа значи дека е време да платиме нешто. Од друга страна, кога левата дланка ќе зачеша, ретко кој не би се израдувал, бидејќи тоа е знак дека ќе имате прилив на пари. Нешто помалку познато верување, а во врска со чешањето на дланките, се вели дека кога веќе примате пари во таа лева дланка, мора да ја поминете со вашата коса и да кажете “колку коса, толку многу пари”.
Покрај тоа, кога веќе сме кај парите, верувањето вели дека ако јадете трошки од масата, ќе имате напредок.

Но, да се вратиме на чешањето- затоа што тоа се случува и со стапалата. И кога ќе почнат да чешаат, време е да ги спакувате торбите – но само ако ве чеша левото стапало. Ако е во прашање десното, слободно да се релаксирате, нема да одите никаде.

Лактот ретко зачешува, но кога тоа го прави, носи порака, така што чешањето во левиот лакт значи да ве чекаат добри вести, а спротивното важи за десниот.
Покрај лактовите,табаните и дланките понекогаш чешаат и прстите, а тоа значи дека наскоро ќе засвети невестинскиот прстен.
И кога зборуваме за венчавање , ако ви се случи да имате јајце со две жолчки, и доколку има две црни точки во него, тоа е многу лош знак. Друг лош знак е голема нecpeќa ако добиете јајце без жолчки.
Кога ќе ви заигра брадата, тоа значи дека наскоро некој ќе ве посети.
Ако ви звони десното уво,доаѓаат добри вести за вас , во спротивно ќе бидете подготвени за непријатните вести.

Кога носот ве чеша, сите го знаеме тоа, ќе има гнев, и ако ви игра окото, тоа значи дека ќе има солзи.

Ако ви се случи да се каснете за јазик, некој ќе ве лаже за нешто.

Дали верувате во такви предвидувања?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This