Дали Индонезија конечно ќе ја укине бизарната проверка на невиност на жените во вооружените сили?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Началникот на Генералштабот на копнените сили, генерал Андика Перкас, на 18 јули рече дека тестовите за жените кои сакаат да се приклучат на вооружените сили треба да бидат исти како и за нивните машки колеги. Неговата изјава веднаш беше поздравена од организацјата Human Right Watch, која ја смета практиката за понижувачка, насилна, дискриминаторска и ненаучна.

Андика рече дека треба да се укинат здравствените прегледи кои не се релевантни за процесот на вработување. Но, портпаролот на вооружените сили, Џавара Вимбо, рече дека прегледот на женските репродуктивни органи, кој вклучува преглед на хименот, сѐ уште е задолжителен за регрутите. Барањето важи и за свршеничките на воениот персонал, додаде портпаролот.

Тој ја објасни потребата од таков преглед со тоа што жените се склони кон рак на грлото на матката. Индонезиската полиција ја укина проверката на невиноста во 2015 година, а HRW ги повикува воздухопловните сили и морнарицата да го следат примерот.

HRW потсетува дека тестот за невиност вклучува инвазивен преглед со два прста за да се утврди дали хименот на кандидатката е недопрен. Индонезиската војска брои околу 500.000 припадници. Тоа е исто така најголемата институција во светот која продолжува да практикува тестирање за невиност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This