ДАЛИ ЛЕНЧЕ ЌЕ ГО ПОВИКА ТАТКО И НА РАСПИТ: Тетовскиот судија Никола Ристовски бил разрешен поради инволвираност во криминал!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судиите не се над правдата, Специјалното јавно обвинителство има поведено истрага против неколку судии и тоа не е вршење притисок, изјави вчера обвинителката Ленче Ристоска, откако претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски изјави дека има притисоци врз судот и дека петмина судии биле викнати на распит во СЈО, спротивно на законот и Уставот кој предвидува дека судии не може да бидат одговорни за судската работа

lence_ristovsk_sjo

Таа појасни дека против одредени судии отворена е истрага, не против сите судии во Управниот суд, и тие се повикани да дадат изјава во своја одбрана и додаде дека и други судии биле под истрага, а Судскиот совет немал забелешки.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Во 2006 година, од Тетовскиот суд се разрешени судиите Никола Ристовски и Ќани Абдуљи поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција. Двајцата судии, кои биле „специјализирани” за овој вид предмети, на кои им давале приоритет, противправно легализирале 16 постари возила – пишуваше „Утрински весник” во не толку далечната 2006 година, а во целата оваа афера биле вклучени и тројца полициски службеници од Тетово, кои помогнале за добивање уредна документација на спорните возила.

utrinski_nikolaristovski

[/kopa_block_quote]

Согласно изјавата на Ленче Ристовска, инаку ќерка на разрешениот Никола Ристовски, дека дури ни судиите не се над правдата доколку има индиции за извршено кривично дело, а имајќи во предвид дека нејзиниот татко освен разрешувањето не бил кривично гонет, дали тоа значи дека ќерката ќе го повика таткото на распит во Специјалното јавно обвинителство?

Освен ова, Ленче Ристовска била вработена и во адвокатската канцеларија „Пешликовски“ кај адвокат кој исто така бил инволвиран во криминал.

Оттука, не треба да не зачудува афинитетот на Ристовска кон осуденици и криминалци, за кои таа така силно застанува во одбрана, тврдејќи дека тие имаат право на рехабилитација во општеството по излежување на затворските казни, а СЈО служи токму како таква институција. Рехабилитирачка. Како во случајот со Борче Трајковски познат како Боки Бургија, денес вработен во СЈО, а претходно затвореник поради извршена измама.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This