Дали Лиле Стефанова перела пари кога купила стан од 70.000 евра?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Kaко до стан од 70 илјади евра ова е прашањето кое си го поставува секое македонско семејство кое го нема решено своето станбено прашање.

Очигледно обвинителката Лиле Стефанова го има одговорот на ова прашање имајќи во предвид дека се стекнала со имот вреден 70 илјади евра, поточно стан купен на име на нејзината невработена ќерка кој бил исплатен во период од една година.

Во случајот како купувач на станот се јавува лицето Рената Стефанова од Радовиш, ќерка на Јавната Обвинителка од Радовиш, Лиле Стефанова. За ова склучен е Договор за купопродажба на недвижност склучен помеѓу Адора Инженеринг ДООЕЛ Скопје , како продавач и Стефанова Рената од Радовиш како купувач.

Toкму за овој случај Државната комисија за спречување на корупција отвори постапка по допрен глас против.

Обвинителката Лиле Стефанова во периодот 2015-2016-та година се стекнала со имот, стан на кој продавач е компанијата Адора Инжењеринг во сопственост на Ванчо Чифлиганец.

Дополнителен сомнеж за овој случај фрла и фактот дека ниту Стефанова ниту нејзината ќерка зеле кредит во периодот кога е купен станот.

Она што е интересно е тоа што Стефанова според податоците на кредитното биро нема минусно салдо на ниту една од нејзините кредитни картички, што го поставува прашањето од кои пари живее обвинителката ако не ја троши ниту нејзината плата.

Антикорупциска отвори случај, но мора докрај да го истражи ова сомнително финансиско однесување на обвинителката во поранешното СЈО кое пропадна поради случајот „Рекет“ во кој милионски суми беа рекетирани од бизнисменот Орце Камчев.

Информации на Инфомакс велат дека во текот на 2015 и 2016 година во целост е исплатена купопродавжната цена за стан, во износ вкупен од 4.480.525 денари со пресметан ДДВ или околу 70 илјади евра од страна на купувачот.

Легализирирањето на пари за кои се нема потекло преку купување на недвижен имот е добро познат метод за перење пари.

Останува отворено прашањето дали покрај антикорупциска истрага за финансиското однесување ќе отвори Обвинителството за организиран криминал и корупција?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This