ДАЛИ МАКЕДОНИЈА Е ПРЕД НОВ ХАОС: Заев се држи до Албанците, Груевски без пасош, Македонија пред хаос!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заканите за апсење имаат за цел разбивање на најголемата Македонска партија во парламентот, со цел да се направат услови за да се остварат барањата на меѓународната заедница, а тоа е двотретинска промена на Уставот на Р.Македонија, промена на името и задоволувања на барањата на Албанците

Земјотрес, и тоа политички одново ја тресе Македонија. Никола Груевски, екс-премиерот на Македонија и лидер на најголемата македонска партија, остана без дипломатскиот пасош и му е наложена мерка за претпазливост, според која еднаш неделно треба да се јавува во СЈО. Ова следи по одлуката на Основниот суд во Скопје да го отфрли барањето на СЈО за притвор на Груевски и неговите соработници – пишува Спутник.

Колку за потсетвуање, Заев во своето експозе најави дека нема да има политички прогони, но по се изгледа дека работите одат во обратна насока. Во која, прашање на кое за Спутник дал поширока анализа Иван Стоилковиќ.

„Тука се работи за систематски проект кој се спроведува речиси три години, а чија цел е најголемата македонска партија и нејзините коалициони партнери да бидат ставени пред свршен чин, односно да се искористат сите можни средства и методи кои стојат на располагање за да се разбие ВМРО-ДПМНЕ, да се разбие единството во оваа коалиција со цел да се подели пратеничката група и да се направат фракции. Така би се оствариле и претпоставките во парламентот за да се исполнат намерите и барањата кои ги постави меѓународната заедница. Тоа значи да се направи двотретинско мнозинство во Собранието за да се овозможи промена на Уставот на Македонија, промена на името, продолжување на работата на СЈО…Така да, во суштина, работите се еднако комплицирани и едноставни“, објаснува Стоилковиќ за Спутник.

Едноставноста, како што вели соговорникот за Спутник, се гледа и во фактот дека тука просто се работи за притисок на најголемата македонска партија да отстапи, што партијата досега успешно го одбива. Во прилог на тоа тој го наведува и фактот дека речиси сите барања на СЈО за мерка притвор се отфрлени.

Стоилковиќ не ја гледа оправданоста во одземањето на дипломатскиот пасош, и како што вели, многу е интересно што се одземаат пасоши како мерка без правено значење бидејќи сите оние на кои им е одземен пасошот редовно се јавувале пред судските органи на повик на СЈО. Во таа смисла, додава тој, куриозитет е тоа што СЈО бара притвор во постистражна постапка. Имено, не станува збор за истражна постапка кога обично се бара мерка притвор со цел обвинетиот да не влијае на сведоците.

„Сите овие постапки се претходно затворени преку општинскиот и републичкиот јавен обвинител како случаи, па во таа смисла имате во суштина повеќе возбудување на јавноста со закани за апсење отколку реални закани дека такво нешто би можело да се случи. Имено, процесот на разбивање на најголемата македонска партија има повеќе димензии, а една од нив е организирање на паралелни внатрешни групации во оваа партија. Но не е мета Груевски ниту ВМРО-ДПМНЕ, туку емта е Република Македонија како унитарна држава, односно онаква каква што Македонија е и досега. Сега се обидуваат да направат друга, различна Македонија, со друг идентитет, различно Уставно уредување, врзано пред се, за исполнување на се она што се албанските услови за функционирање на државата одвнатре, како и промена на името, што повторно е врзано за функционирање на државата во надворешнополитичко светло“, истакнува соговорникот за Спутник

Дали Заев е спремен да оди до крај и дали во ВМРО-ДПМНЕ очеквуаат да дојде до апсење? Иво Котески, директорот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ дава одговор за Сптуник, и вели дека од СЈО може се да се очекува.

„Тие не постапуваат правно туку како општинска организација на СДС. Не заборавајте дека самиот Заев, уште кога беше опозиција, најави апсење на наши членови и нашиот лидер. Ако тоа го најавуваше тогаш кога СЈО не ни постоеше, тоа е гола политика, како и притисокот на судиите, најавувајќи нивен реизбор. Ние само можеме да бараме од судиите да не подлегнуваат на притисоците и да работат по закон. Најголемиот дел од предметите кои СЈО ги подигна се без докази, личат на политички обвиненија кои имаат само една цел – да го оцрнат ВМРО-ДПМНЕ. Тешко е да се предвиди како ќе се одвиваат работите. Ако Заев продолжи со своите постапки да ја гази државата и сите институции, ако луѓето видат дека државата практично станува приватна сопственост на Зоран Заев, не е исклучено тоа незадоволство на граѓаните да се излие“, наведува Котевски за Спутник, додавајќи дека е премногу рано за да може прецизно да се процени што ќе се случува понатаму.

Ианку, оваа одлука на судот за одземање на пасошот на Груевски следеше само четири дена откако СЈО побара притвор за екс-премиерот и уште 17 лица, главно од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Бранкица Ристиќ
Спутник

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This