Дали Македонија ќе пopaча од нoвaтa pycка вakцинa, одговара Филипче за Инфомакс

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По поразот кој што Русија и го нанесе на нацистичка Германија, таа повторно го спасува светот и човештвото од најголемиот непријател на 21 век, новиот и опасен коронавирус кој однесе повеќе од 700 илјади животи во светот, а над 500 во Македонија. Русија и официјално ја стави во употреба првата вакцина против Ковид 19 која го доби името Спутник 5.

Повеќе од 20 земји веќе побараа над 1 милијарда единици од руската вакцина па токму на оваа тема го контактиравме македонскиот министер за здравство Венко Филипче. Инфомакс го запраша Филипче дали Македонија планира да порача од новата руска вакцина против Ковид 19.

-Треба да видиме каква е вакцината прво. Немаме никакви информации, деновиве ќе истражиме, накратко ни одговори Филипче.

Одобрувањето на вакцината со светлосна брзина се рашири по светски медиуми кои пренесоа дека Руската Федерација ја одобри првата вакцина против новиот коронавирус. Рускиот претседател Владимир Путин со цел да ги охрабри граѓаните посочи дека една од неговите ќерки веќе примила вакцината и се чувствува одлично, а деталите за нејзиното дејство упатуваат на тоа дека таа создава имунитет кај вакцинираните и до две години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This