Дали Македонците би војувале за својата земја?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заканите од војни во Европа се постојани, особено на Балканот. Освен жариштето во Украина, имаме тензии во Босна, на Косово, во Србија и Македонија а Турција е веќе со децении во предводена состојба.

Една од водечките светски агенции за истражување на јавното мислење, Галуп Интернешнел, спровела глобална анкета со прашање: дали сте подготвени да војувате и гинете за својата земја. Во истражувањето, помеѓу останатите, опфатени се и речиси сите европски држави меѓу кои и Македонија.

Во истражувањата не се опфатени некои типично тензични места и држави како Албанија, Хрватска и Црна Гора но, затоа ги има сите други.

Во Европа најподготвени за вооружена одбрана на својата земја се Турците и Финците. Според анкетите дури 74% од граѓаните на Финска (заканите ги гледаат од Русија) и 73% од Турците се подготвени за војна, да ја бранат својата земја и загинат за неа.

Над половина од населението, според Галуп интернешнел, е подготвено да се бори и војува за својата земја е во Украина со 62%, Русија со 59%, Косово 58%, Босна и Шведска со 55% подготвеност како и Грција со 54%.

Ратоборност покажале и во Полска со 47% подготвеност за војна, Србија со 46% и Литванија со 41%.

Дугите држави се помалку воинствени. Најпасивни се Белгија со 19%, Германија со 18% и Холандија каде само 15% од населението е подготвено да војува и гине за својата држава.

Од нашите соседи, освен спомнатите воинствени Србија, Косово и Грција, Бугарија не покажува подготвеност за војна, напротив, само 25% Бугари се спремни да војуваат.

Македонија е во долната средина. Според анкетите околу 38% македонски граѓани се изјасниле дека се подготвени да војуваат за својата држава. Кај нас ситуацијата  е специфична, двоетничка, па така во анкетите се дадени вкупни резултати без можност да се види колку од анкетираните кои воено би ја бранеле Македонија се Македонци а колку Албанци, па останува само да претпоставиме за етничката подготвеност за борба за својата држава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This