ДАЛИ ПРОПАДНА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР: Оставката на Коѕијас на ист ден кога пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија дебатата, кажува многу

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Преспанскиот договор, по својата прилика, го потресе тлото под нозете како на македонската така и на грчката влада

© Sputnik / Дејан Симић

Имено, на денот кога пратениците на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ се откажаа од учеството во дебатата за уставните промени во Собранието и најавија дека нема да гласаат за промена на името Македонија, шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, еден од потписниците на Преспанскиот договор, си поднесе оставка.

Грчките медиуми пренесуваат дека Коѕијас на таков потег се одлучил по жестоката расправија со министерот за одбрана Панос Каменос поради договорот помеѓу Атина и Скопје за новото име на Македонија. Од друга страна, најголемата опозициска партија во Македонија ја напушти дебатата во Собранието ден откако официјалниот претставник на Стејт Департментот Вес Мичел го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да ги поддржи уставните промени поради евроатлантските интеграции.

Иако засега не е познато во која мера оставката на шефот на грчката дипломатија ќе влијае на понатамошната реализација на Преспанскиот договор, по се изгледа дека вонредни парламентарни избори во Македонија се речиси извесни, а со таков став е и Цветин Чилиманов, бивш советник на претседателот Иванов и новинар во МИА.

Тој за Спутник вели дека власта во Македонија се обидела да дојде до магичната бројка од 81 пратеник со цел уставните промени да се протуркаат во Собранието, но дека најголемата опозициска партија тоа одлучно го одбива.

„Доколку пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ остане единствена на тој став, власта не може да дојде до тој број на пратеници. Христијан Мицкоски во средата подвлече црта и одлучно ги отфрли критиките и барањата на Стејт департментот, односно помошникот државен секретар Вес Мичел дека неговата партија нема да гласа за промена на Уставот. Тој исто така ја повика власта, доколку смета дека има доволно пратеници, предлогот да го стави на гласање. Реакцијата на власта е таква што денешната седница е откажана, што, со отфрлувањето на притисокот од САД од страна на опозицијата, јасно говори за тоа дека тие немаат доволно гласови. Така да следен чекор веројатно би можел да биде распишување на вонредни парламентарн избори“, вели Чилиманов.

Соговорникот за Спутник вели дека силниот притисок на западните дипломати сите македонски партии да бидат некритички посветени на концептот кој го промовираат Брисел и Вашингтон всушност има контраефект. Тоа е, вели, видливо и на референдумот кој се одржа на 30. септември.

„Притисоците во вид на апсење на членови на Собранието и инсистирањето на разни отстапки кои Македонците треба да го направат поради Грција и поради албанското малцинство во Македонија имаат висока цена кај македонското гласачко тело кога станува збор за западноевропските интеграции и членството во НАТО и ЕУ. ТОа е фактички пораз на западните дипломати кои се обидуваат да наметнат стратегија со сила да се дојде до промена на името Македонија и да се принуди најголемата партија во државата да ги прифати тие промени“, смета Чилиманов.

На прашањето дали оставката на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас може да ја загрози реализацијата на Преспанскиот договор од страна на Атина, Чилиманов вели дека Грците внимателно ја следеле ситуацијата во Македонија и сфатиле дека не постои поддршка за промена на Уставот.

„Во Атина секогаш постои страв дека нивната отстапка во вид на македонско членство во НАТО би бил неповратен, додека, теоретски, некоја нова македонска влада би можела да има мнзоинство и повторно да го промени Уставот и да го врати старото име, и тоа со позиција член во НАТО. Референдумот да беше успешен и запечатен, на пример, со резолуција на Советот за безбедност, Грција би имала гаранции дека договорот ќе остане на сила. Меѓутоа, сега, по пропаста на референдумот и кога е јасно дека Русија нема да поддржи промена на името во Советот за безбедност, на Атина и е јасно дека од неа се бара навистина голема отстапка, без никакви гаранции за тоа што ќе се случи понатаму“, забележува Чилиманов.

Како што вели, сега во грчката влада остана крило кое отворено се противи на договорот со Скопје, а анкетите покажуваат дека тие најверојатно може да победат на следните избори во земјата.

„Овој спор не може да го решат две леви опции кои не инвестирале во прашањето за името, како СИРИЗА на Ципрас и социјалдемократот Заев. Тие ја немаат поддршката на народот на кого му значи националниот идентите, како грчкиот така и македонскиот. Затоа мислам дека може да се каже дека договорот Скопје – Атина, ако не во потполност, тогаш 90% е пропаднат“, заклучува Чилиманов за Спутник.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This