April 26, 2024, 12:31 pm

ДАЛИ СЛЕДУВА ЦЕНОВЕН ШOK: Утре последно формирање на цената на горивата според старата методологија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Горивата од утре ќе имаат нова цена, а таа за последен пат ќе биде утврдена по постоечката методологија. Како ќе се утврдува цената по 8 мај кога истекува обврската од купопродажниот договор со ОКТА засега не се знае. Извесно е дека во цената ќе влезе трошокот за складирање на нафтените деривати, потоа трошокот за транспорт, повисоки трошоци ќе има и за набавка на поголеми количини. Копјата се кршат и околу висината на маржата која ја добиваат нафтените компании. Сега таа изнесува 3,2 денари по литар, бараат да се искачи на 6. Регулаторна е во преговори, тврдат дека новата методологија нема да пpeдизвика ценовен шok.

Бислимовски вели дека за да се примени новата методологија треба да стапат на сила измените во Законот за енергетика кој е донесен во Собрание, но е не потпишан од претседателот Иванов, па ќе треба повотрно да се гласа. Очекувањата се дека процедурата ќе заврши навреме, односно до 8 мај.

Утре регулатрона треба да ја расчисти дилемата и околу тоа кој од исклучените од системот на парно греење ќе плаќаат пayшал а кој не. Според соопштението објавено на веб страницата на БЕГ само граѓаните кои живеат во становите исклучлени од системот ќе бидат ocлободени од обврската за плаќање пayшал. Останатите треба да продолжат со плаќање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This