ДАЛИ СПАСОВСКИ И ПРИМИСЛАВ ДИМОВСКИ ГО ШТИТЕЛЕ СЕАД РАХИЌ: ВМРО-ДПМНЕ прашува кој го заштитувал братот на Есад Рахиќ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавноста исто така има право да знае зошто толку време овие криминалци беа сигурни во себе дека нема да одговараат? Дали заради тоа што СДСМ скоро цела година го водеше МВР? Дали заради Оливер Спасовски или пак Примислав Димовски? Се познавал ли притворениот Сеад Рахиќ со нив и дали му помагале? – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

krste_vmro

 

Целосниот текст од ВМРО-ДПМНЕ ви го пренесуваме во целост
СДСМ е дувло и синоним за криминалот.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев и злосторничкото здружение во раководството на партијата го претворија СДСМ во промотор и заштитник на се што е незаконско и криминално.

Јавните закани на екс-пратеникот на СДСМ, Есад Рахиќ упатени до сите новинари кои ја информираат јавноста за криминалите на луѓе поврзани директно со врвот на неговата партија се срамни и недолични.

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува заканите и ги охрабрува институциите да не подлегнуваат на обиди на СДСМ за забошотување на криминалот на неговите експоненти. Воедно, ги охрабруваме медиумите да не бидат жртви на стравот кој сака да го сее аболицираниот криминалец Зоран Заев и ги повикуваме до крај да ја истражат вистината.

Криминалците блиски до Заев завршија во притвор заради тоа што го труеја Скопје со наркотици долго време. Јавноста има право да знае се што криминалецот Заев и неговите соработници сакаат да сокријат во овој случај.

Јавноста ја интересира дали аболицираниот криминалец Зоран Заев знаел за црниот бизнис со дрога на неговиот пријател? Дали аболицираниот Заев му помагал во трговијата со наркотици и дали од сето тоа земал пари за себе или за партијата?

Јавноста исто така има право да знае зошто толку време овие криминалци беа сигурни во себе дека нема да одговараат? Дали заради тоа што СДСМ скоро цела година го водеше МВР? Дали заради Оливер Спасовски или пак Примислав Димовски? Се познавал ли притворениот Сеад Рахиќ со нив и дали му помагале?

Очекуваме затоа истрагата да даде одговор на уште многу други прашања. Сите кои работеле спротивно на законот мора да одговараат.

Граѓаните на Република Македонија на 11-ти декември јасно и гласно кажаа дека не сакаат да бидат водени од криминалци кои пред очите на целата јавност бараат мито по принципот „Едно евро за црквата“ и „Едно евро за Вицето“. Местото на криминалците не им е во политиката, туку во казнено-поправниот дом Идризово.

Затоа речиси половина милион Македонци го осудија на пораз СДСМ и неговите криминални и деструктивни сценарија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This