Дали Јанкулоска ќе бара одложување на затворот за да се грижи за детето?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска на која Врховниот суд и ја потврди затворската казна од четири години има право да бара одложување на извршувањето на казната затвор. Овие одредби на Законот за извршување на санкции кои го овозможуваат ова.

Меѓу одредбите од овој закон, според кои судијата за извршување на санкции може да го одложи почетокот на извршувањето на затворската казна се осуденото лице да се наоѓа на болничко лекување, се случила смрт или тешка болест во семејството, обврзано е да изврши неодложни работи, ако е жена чие дете е помало од една година или е бремена. Детето на Јанкулоска веќе е постаро од една година, но меѓу одредбите има и таква според која таа може да бара одложување за грижа за детето.

-Ако е потребно осуденото лице одредено време да се грижи за воспитување и чување на децата или згрижување на немоќни лица за кои е должно да се грижи според мислењето на органите за социјална заштите на општината на чие подрачје децата или тие лице имаат живеалиште, се вели во одредбата.

Според информациите од Кривичниот суд, одлуката на Врховниот суд се уште не е стигната до нив. Процедурата предвидува, кога пресудата од Врховен ќе стигне до Кривичниот суд да биде доделена на судија за извршување на санкции. Судијата и доставува Упатен акт на осудената кога да се јави на издржување на затвoрската казна. Но на тој упатен акт, Јанкулоска има право на приговор или жалба односно барање за одлагање на извршувањето на казната. Барањето за одложување се поднесува во рок од три дена од денот на приемниот акт и според Законот, Јанкулоска треба да приложи веродостојни докази кои го оправдуваат одлагањето.

За барањето одлучува судијата за извршување санкции, а ако Јанкулоска не е задоволна од неговото решение има право на жалба до Кривичниот совет на судот, кој би требало да пресече дали ќе биде прифатени или не барањето за одложување на казната. Сепак ова само можностите кои ги дава Законот, Јанкулоска денеска e децидна само дека нема намера да бега, но не открива кои ќе ѝ бидат следните чекори коишто ќе ги преземе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This