April 18, 2024, 12:10 pm

ДАЛИ ЌЕ СЕ ЗГАЗИ БАБАТА ИЛИ БЕБЕТО? ЗАВИСИ ОД КАДЕ СТЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Резултатите на „Моралната машина’ базирана на познатиот Трамвајски проблем во кој треба да се донесе одлука чиј жи вот ќе биде поштеден, знаат да бидат изненадувачки и во рамките на едно исто семејство. А сега стигнаа и глобалните резултати.

Моралната машина ве става во десетина различни сообраќајни ситуации во кои треба да се изјасните дали возилото треба да им дава предност на пешаците или на миленичињата, дали да се поштедат оние кои се надвор или оние кои се со вас во колата, старите или младите, богатите или сиромашните, здравите или болните… и конечно, дали воопшто треба да се донесува одлука во таква ситуација или тоа треба да се остави „кому му било пишано“.
Во магазинот „Nature“ неодамна беше објавена дескриптивна анализа на таа маса добиени податоци од виралното онлајн тестирање. Утврдено е дека резултатите значајно варираат и дека имаат некаква врска со културата и економијата во кои живеат луѓето.

На пример, во колективистичките култури како Кина и Јапонија многу е поверојатно старите да добијат предност врз младите. Истражувачите хипотетизираат дека тоа во некоја мерка се должи на култот и почитта кон возрасните во овие земји.

Во индивидуалистичките земји сериозен фактор е бројот на животи кои се поштедуваат со некоја одлука. Во посиромашни земји со слаби институции луѓето се потолерантни кон оние кои не се придржуваат до прописите а во земјите со голема економска нееднаквост постои и голем јаз меѓу поштедените богати и сиромашни.

Бидејќи оваа тема е тесно поврзана со сè поголемиот број автономни возила на улиците, едно од најзанимливите прашања е дали ќе дојде време кога „моралниот профил“ на колата ќе зависи од тоа за кој пазар е наменета.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This