ДАМОВСКИ: Жалиме за сите повреди, но најмногу за повредата на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Живееме во време кога пред очи ни се одви државен удар. Од првиот ден иницијативата инсистираше на мирни протести, никој не не сослуша, ниту еден пратеник, ниту една партија, ниту една амбасада, ниту еден мешетар, за на крај најнервозните да ги предизвикаат со провокативни настани внатре во Собранието, порача од пред Собранието членот на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски.

damovski

– Жалиме за сите повреди, но најмногу за повредата на Македонија. Таа жал, таа бол некој мора да ја надомести. Денеска излеговме со идеја, ќе ја кажеме тука пред вас, ќе ја тужиме оваа нефункционална држава, истакна Дамовски.

Побара од граѓаните да кој колку може да придонесе со правна, стручна или помош од секаков вид.

-Во име на сите граѓани кои повеќе гледаат од кој било политичар, ве молам, кој може да придонесе со правна помош, стручна од секаков вид, филозофи, политичари, правници, социолози, психолози. Ние ќе ја тужиме нефункционалната држава во имена македонскиот народ. Сигурен сум дека меѓу милионите Македонци има луѓе кои тоа можат да го извадат, вели Дамовски.

Повика на уште поголема масовност на идните протести.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This