ДАМОВСКИ: Од државотворен Парламент стана буниште на демократијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

68 дена сведочиме како од државотворен Парламент стана буниште на демократијата. Од внатре се шири реа на измама. Од внатре се шири реа на предавници. Баравме избори, нормално дека ќе бегаат како ѓавол од крст. Има начини како да ги добиеме, бидете сигурни во тоа.

damovski-1

Ова на денешниот протестен марш на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ од пред Собранието го порача Борис Дамовски, член на иницијативата.

Истакна дека правната битка допрва започнува и побара поддршка од правниците.

– Нашата правна битка допрва започнува. Тоа е комплексен предмет, долготраен на кој се уште му треба правна помош. Имаме луѓе кои волонтираа, меѓутоа, не се доста. Треба голем тим, голема задача и ваша поддршка, рече Дамовски.

Посочи дека најголемото оружје на иницијативата е нивната бројност, присуство и истрајност и побара од граѓаните тоа да не им биде одземено од раце.

Дамовски истакна дека ќе направат се правдата да биде задоволена, меѓутоа, правдата треба да биде задоволена за сите.

-Со мал инцидент предизвикан од груби провокации, кршење на Уставот и Законот, највжештените глави влегоа, погрешија, не не послушаа нас. Тоа е навреда и за иницијативата, меѓутоа, тоа се наши браќа. Се ќе направиме правдата да биде задоволена, меѓутоа, правдата треба да биде задоволена за сите. И за кршителите на Уставот, узурпаторите и окупаторите на ова Собрание, рече Дамовски и додаде „Народот е оружје, со тој народ, со нашите срца, со нашата истрајност ќе ги победиме. Нема место за откажуваме, нема место за малодушност“.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This