ДАМОВСКИ СИ ИГРА МАЈТАП: Кацарска повторно го искара, побара да не и пречел на обвинителката

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека обвинителката Ивана Трајчева го читаше смс пораките на сведокот Сашко Коцевски, поврзани со 27 Април, наеднаш запре и побара од судијката Добрила Кацарска да му каже на обвинетиот Борис Дамовски да не зборува.

-За цело време додека ги читам пораките, обвинетиот Борис Дамовски зборува свртен кон мене. Ве молам да го предупредите да не зборува, рече обвинителката.

По ова судијката му рече на Дамовски да не зборува и да гледа пред себе, по што Дамовски и возврати дека не може таа да му каже каде да го насочи погледот, бидејќи како што рече не сакал да гледа пред себе. Пред него се наоѓа мониторот на кој се презентираат пораките.

Тогаш Кацарска му врати дека не мора да гледа во мониторот, но дека не смее ниту да и пречи на обвинителката.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This