“ДАНАС ЈЕ ДАН РЕПУБЛИКЕ“: Пејачите на СДСМ денес на митинзи ја интонрале химната на СЈФР и го славеле „Денот на Републиката“?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пејачите, Кристина Арнаудова, Бени Шакири и Златко Ориѓански кои ја забавуваат малкубројната публика на митинзите на СДС (без М, бидејќи со двојазичноста и федерализацијата се откажаа од Македонија) при вчерашното патување кон Македонска каменица и Делчево објавија фотографија на Фејсбук во која на српски јазик напишаа „Денеска е денот, Денот на Републиката“, односно „Danas je dan DAAAAN REPUBLIKEEEEE“ – пренесува порталот Журнал.нет
sdsm-pejaci-dan-republike

Се поставува прашањето дали овие југоносталгичари и оние кои ги плаќаат да им пејат на слабопосетените „митинзи“ пред почетокот на беседите и ветувањата на Заев за двојазичност и кантонизација на Македонија ја пееле химната на распаднатата СФРЈ!?

Инаку, денот на тогашната Република (СФРЈ) шест децении беше еден од најголемите празници во поранешната федерација. Празникот се одбележувал со неработни денови, училишни приредби и со колење свињи, но денеска никој не му посветува внимание, освен некој вакви изгубени талкачи низ минатото.
sdsm-pejaci-dan-republike-1

За потсетување, СДС (без М) како наследник на СКМ (Сојузот на Комунисти на Македонија) кои во почетоците на плурализмот во Македонија се викаа СКМ-ПДП никако не може да се ослободат од својата југоносталгичност која единствено живее само кај нив и кај никог друг од поранешните држави.

Исто така не треба да се заборави дека, откако на 8 септември во 1991 година, македонските граѓани на референдумот за независност речиси едногласно (од запишани 1.495.626 гласачи, на референдумот излегле 1.021.880 или 71,85 проценти од граѓаните со право на глас, од нив рекордни 95,09 отсто гласале ЗА) рекоа ДА за самостојна, независна и суверена Македонија, СДСМ и нивните структури сеуште калкулираа како на тоа ќе гледа Белград и Слободан Милошевиќ. Бранко Црвенковски тогашен лидер на СКМ-ПДП (СДСМ) во Собранието на Р.Македонија, неможејќи да се помири со независноста, бараше покрај македонската да се свири и химната и на СФРЈ.

 

Журнал.нет

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This