April 26, 2024, 12:25 pm

ДАНЕЛИС: ФИРОМ направи се како што баравме, на ред сме ние

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сега сме ние на ред, вели пратеникот од партијата Река, Спирос Данелис, по успешно изгласаните уставни измени во македонското Собрание и во пресрет на ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент.

Говорејќи на конференција посветена на договорот, Данелис истакна дека Ципрас со Заев и Коѕијас со Димитров пишуваат историја и уште еднаш го повтори неговиот позитивен став во однос на решението меѓу двете земји, јави МИА од Атина.

-Собранието на ПЈРМ ги изгласа промените на името на земјата и низа членови од Уставот, ги сменија оние работи што ни пречеа, онака како што ние баравме. Сега сме ние на ред. Ако националистичката бескомпромисност и ситните политички игри надвладеат над логиката и принципите, нѐ очекува меѓународно и апсолутна изолација, рече Данелис во неговото обраќање на панелот, кусо пред говорот на грчкиот премиер.

Пратеникот на Река рече дека неговата позиција е јасна, тоа му го налага совеста и неговата доследност од 1992, кога јавно се постави против протестите и слоганите дека „Македонија е една и грчка“.

-Одговорноста паѓа на Река за одбрана на националниот интерес. Во секој случај СИРИЗА е заслужна за историскиот успех на Договорот од Преспа. Со неспоредлива политичка самопожртвуваност и покрај значајната политичка цена, не се исплаши, одговори на националната должност. И бидејќи личностите се оние кои пишуваат историја, Ципрас со Заев, Коѕијас со Димитров се запишуваат во историјата. Ни се допаѓало ова или не, рече пратеникот на Река во кој се вперени очите на грчката јавност во однос на тоа дали ќе ја поддржи Владата или не на гласањето доверба.

Во однос на Договорот од Преспа, Спирос Данелис, јавно го поддржува.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This