Даниловски: Додека да пристигнат вakцините ќе стекнеме koлективен имyнитeт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека земјата чека да пристигнат вакцините, епидемиолозите велат дека речиси е достигнат колективниот имунитет. Според нивните пресметки, 47,5% од нашата популација со или без симптоми веќе го прележале корона вирусот. Драган Даниловски е гласен кога станува збор за неможноста на надлежните институции што побрзо да набават вакцина против ковид.

Како поранешен министер за здравство, тој го критикува сегашнот министер дека не треба да се надева на милоста на соседните земји за донирање вакцини, кои и тие самите ги редуцираа. Тој рече дека правните пречки за директно снабдување требало да се отстранат од моментот кога тие биле нарачани.

Европскиот амбасадор во Скопје, Дејвид Гир, рече дека вакцинацијата не треба да биде натпревар помеѓу земјите. Тој вети дека ЕУ ќе обезбеди доволно дози за Западен Балкан што е можно поскоро. Затоа ЕУ ќе одвои 70 милиони евра, за земјите од нашиот регион да можат да ги покријат трошоците за набавка на вакцини од нив.

„Вакцинацијата не треба да биде натпревар помеѓу земјите. Ние сите треба да го сториме тоа заедно. Европската Комисија работи со земјите членки за да договорат залихи, но не можам да ви дадам точен датум. ЕУ досега обезбеди најголема помош од 3,3 милијарди евра за целиот Западен Балкан за време на пандемијата и за секоја земја одделно продолжува да го прави истото“, изјави амбасадорот Гир.

Она што досега официјално го знаеме, според Министерството за здравство е дека 5.850 единици нарачани директно од „Фајзер“ се очекува да пристигнат во текот на февруари. Други 8.000 дози што Србија ни ги понуди со иста цена чекаат одобрување од американската фармацевтска компанија да бидат испратени во Скопје со итен увоз. Од друга страна, измените и дополнувањата на Законот за лекови чека кворумот во Собранието. Ова ќе го отвори патот и за набавка на 833 илјади вакцини кои се очекува да дојдат во текот на оваа година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This