ДАНИЛО ЃУКОВИЌ: Враќањето на Русија и Светскиот Поредок

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

danilo_gjukovikСе погласни се шпекулациите за можна нукеларна војна помеѓу САД и Русија. За последиците од ваквиот проспект е одвишно да се зборува – Русија поседува околу 8, 400 боеви глави, додека САД во својот арсенал има околу 7, 500. Меѓутоа, она што не е одвишно да се коментира е причината за тензиите помеѓу двете земји, и што овие тензии значат за светскиот поредок.

Со распадот на Советскиот Сојуз, се очекуваше НАТО да го започне процесот на деинтеграција, бидејќи примарната цел на оваа институција беше така – нареченото запирање на Советската агресија. По распадот на СССР, оваа закана по дифолт исчезна, но НАТО продолжи да постои. И не само што продолжи да постои, туку и почна забрзано да се шири се поблиску до границите на Русија. Еден договор помеѓу Џорџ Буш постариот и Горбачев од 1990 за кој малку се зборува на Запад, гарантираше дека НАТО нема да се шири кон Исток. Како своевиден аванс, Горбачев се согласи унифицираната Германија да се приклучи кон пактот, се додека тоа остане дефинитивната источна граница на НАТО.

Со доаѓањето на Бил Клинтон овој договор беше комплетно миниран од страна на Америка. НАТО се прошири до самата граница на Русија, што во Москва, се разбира, беше интерпретирано како директна закана по безбедноста на земјата. Пропратен процес на ширењето на НАТО беше и градењето на анти – ракетни штитови, и во последно време распоредувањето на трупи долж границата со Русија. Одговорот следеше во два наврати: Руската инвазија врз Грузија во 2008, која делумно беше резултат на наговестувањата за прием на Грузија во НАТО; и Кримската Криза во 2014 и отцепувањето на Крим од Украина, која во тоа време беше исправена пред вратите на ЕУ.

Во очите на САД, овие две Руски интервенции беа видени како Руска агресија врз соседите. Меѓутоа, обејктивно тие беа одговор на дваесет и пет годишната агресија од страна на НАТО кон Русија, и противправното ширење на империјалистичката институција под врхушката на Вашингтон во Руската зона на влијание.

Се разбира, САД во двата наврати одговорија со строги економски санкции врз Русија преку Европските клиенти. Повеќето Европски земји се противеа на овие санкциии, што поради зависноста на нивните индустрии од Руски гас, што како страв од минирање на силната економска соработка помеѓу Европа и Русија.

Како по обичај, САД себично ги искористи Европските земји во обидот да и се спротистават на Русија, иако мерките беа во спротивност со интересите на Европа. И на овој напад Русија одлучно одговори. Русија е способна да ги пласира своите производи и услуги на Исток, а доказ за тоа е зголемената соработка со Кина. Понатаму, функционирањето на БРИКС (сојузот меѓу Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужно Африканската Република) е дополнителен пример како Русија се бори против империјалистичките институции контролирани од Вашингтон. Споено, земјите од БРИКС допринесуваат за повеќе од триесет одсто од светскиот бруто домашен производ.

Вистинската причина поради која сериозно се вжештуваат односите помеѓу САД и Русија е заканата која Вашингтон ја чувствува од зголемената активност на Путин на глобално ниво, и неговото противење да им дозволи на САД да бидат едниствениот важен играч на глобално ниво. Во превод, Путин е закана за униполарниот свет кој произлезе по распадот на СССР. Години по завршувањето на Студената Војна, САД беа единствената суперсила која непречено доминираше со светските настани и текови.

Враќањето на Русија кое е се поевидентно и загрижувачко за САД, се заканува да го поремети овој униполарен поредок на кој Вашингтон напорно работеше со децении. Оттука и повиците на некои западни ‘интелектуалци‘ како Томас Фридман да се застане на патот на Путин преку закани и дополнителни санкции. Во традицијата на империјалистичките интелектуалци – послушници, Фридман се оградува од анализа и осуда на Американската агресија која несомнено се простира далеку од границите на САД. Наместо тоа, тој повикува на сопирање на Руската агресија, која впрочем во голем дел е резултат токму на империјализмот на Соединетите Држави и нивните клиенти.

Последниот терен за конфронтација меѓу САД и Русија е Сирија. Руското Министерство за Надворешни Работи предупреди дека секој директен обид на Вашингтон за рушење на Асад ќе биде пречекан со жесток воен одговор од страна на Руските сили. Она што им оди во прилог на Русите се предстојните председателски избори во САД, кои ке му овозможат на Путин да ја зацврсти својата позиција во Сирија, и да преговара за решение на конфликтот со новиот Американски председател под услови кои нему му одговараат.

Западните експерти се свесни за овие случувања, кои несомнено допринесуваат за нивните осуди и критики кон политиките на Владимир Путин. Повеќе од дваесет години САД стоеа неприкосновени на врвот на светскиот поредок. Меѓутоа, последните случувања и зголемената Руска активност го менуваат тоа. Затоа и зачестуваат шпекулациите за ескалација на тензиите меѓу Москва и Вашингтон и можноста за нуклерано соочување. Причината за сето ова не е Руската агресија, како што Западните протагонисти сакаат да веруваат, туку Рускиот одговор на континуираната Американска агресија и нивниот империјализам.

 

Данило Ѓуковиќ

Авторот е студент по меѓународни односи и дипломатија на Универзитетот Болдер во Колорадо

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This