ДАНОК НА АВИОНСКИТЕ ПАТНИЦИ: Холандија ќе воведува данок за секој патник што ќе патува со авион!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Холандската влада ќе воведе плаќање од 7 евра за секој авионски патник во 2021 година, ако ЕУ не успее да формира европски данок, поради влијанието на воздухопловството врз животната средина.

Холандија во вторникот (14-ти мај) објави дека нацрт-законот за данок на летови може да донесе 200 милиони евра и да помогне во затворањето на јазот во цените меѓу авио билетите и, на пример, билетите за воз, вели државниот секретар за финансии Менно Снел.

Според нацрт-правилата, за кои допрва треба да се расправа, патниците што заминуваат од холандската земја ќе бидат треба да платат најмногу до 7,50 евра. Исто така, ќе има данок и на товарни авиони со стапка од 1,92 евра за тивки авиони и 3,85 евра за бучни авиони.

Во соопштението од Министерството за финансии се вели дека се активираат сите мерки за да се спречи потенцијалното нeгативно влијание на Амстердам Шипхол аеродромот како меѓународна мрежа на летови.

„За разлика од патувањето со автомобил, автобус или воз, меѓународните летови од Холандија на ниту еден начин не се оданочуваат од страна на холандската влада. Ова е клучна причина за воведување данок на летови“, се вели во соопштението на Снел.

„Многу од нашите соседи веќе имаат данок на летот, па затоа нашиот приоритет е да побараме соработка на европско ниво“, додаде државниот секретар, алудирајќи на предлогот што Холандија и Белгија го дадоа претходно оваа година за воведување на даноци за воздухоплов преку билатерални договори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This