Данска гo зaбpaни oдглeдyвaњeтo визoни дo кpaјoт нa 2021 гoдинa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Данскиот Парламент синоќа ја усвои забраната за одгледување визони до крајот на 2021 година, во обид да се спречи пренесувањето на коронавирусот од животни врз луѓе.

“Данските одгледувачи на визони ја жртвуваа својата работа за општото добро. Ние им должиме голема благодарност”, напиша на Твитер министерот за храна, земјоделство и риболов, Расмус Прен, вчера веднаш по усвојувањето на одлуката.

Министерот Прен изрази задоволство од усвојувањето на законот, нагласувајќи дека тој содржи јасни одредби за можна компензација на одгледувачите.

Водечките опозициски партии, централно-десните либерали и популистичката Данска народна партија гласаа против.

Данска од ноември досега убиено 17 милиони визони, откако беше идентификувана првата мутирана трансмисија на коронавирус од животни врз луѓе.

Владата потоа призна дека немала правен основа за ваквата мерка, како и за привремената забрана за размножување, што требаше да се регулира со посебен закон.

Одлуката да се убијат визоните беше донесена откако се откри дека еден од петте типа на коронавирус поврзан со визоните ја ослабува способноста на луѓето да создаваат антитела, што може да ја загрози ефикасноста на вакцината.

Данска е еден од водечките светски производители на крзно од визон.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This