April 26, 2024, 12:31 pm

Дарио модно подготвен за сите годишни времиња:Коцкестите бермуди му се хит!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И ако сме во длабока есен, а падна и првиот снег, нам ни се виде симпатично малку да ве затоплиме со една летна фотографија на која е нашиот популарен поп-пејач Дарио Панковски, сликан некаде во Грција во една од нивните марини….. Ете, токму тој, кој за себе јавно и со причина вели дека е метросексуалец. Човекот внимава на својот изглед, на својата гардероба, на фирмираните парчиња кои секогаш со задоволство ги носи. Па, така е и во погледот на летниот имиџ, за кој Дарио веруваме уште од сега трпеливо размислува. Овој овде му е со белата кошула со бели обувки, коцкестите бермуди кои му се хит, а врз сето тоа е овој пругаст лесен џемпер неврзано префрлен преку грбот. Чиста десетка! Секако со неизбежните наочари за сонце. Ако тргнеме да се распрашуваме за цената за секое парче од гардеробата, ќе стасаме до високата сума на пари која Дарио не жали да ја плати. Само да изгледа онака како што треба, како што му прилега на пејачот од самиот врв на естрадата, и ако рака на срце, би бил уште поатрактивен доколку почне да оди во теретана!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This