April 27, 2024, 12:24 am

Даскаловски за нaпaдoт вpз Палевски: Тoj дeнoвивe жecтoкo ja kpитикyвaшe Мериот кoaлициjaтa, но и aктyeлнaтa влacт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот на Факултетот за безбедност, Жидас Даскаловски во своето гостување во емисијата „Заспија ако можеш“ ја критикуваше власта за безбедносната состојба во која се наоѓа државата. Тој посочи дека нападот на Палевски кој е жесток критичар на власта, но и на „Мериот коалицијата“ која се обидува да го промени раководсвото на ВМРО-ДПМНЕ е лош сигнал за демократијата во Македонија.

-Знаете овие времиња се многу лоши, ние по влезот во НАТО требаше да имаме поголема безбедност и сега точно во некои меѓународни односи Македонија е цврсто закотвена и тешко дека однадвор некој може да ја загрози, меѓутоа внатрешната безбедност е многу лоша. Ние говориме за човек кој е јавна личност, еден од луѓето кои што всушност беше и предводник на движењето „Бојкоторам“, човек кој што е постојано политички активен преку неговото движење „Трета“. Човек кој што е новинар ако добро се сеќавате, го основаше магазинот Старт и телевизија Скопје. Станува збор за јавна личност која што е нападната и сега доколку брзо не добиеме соодветна реакција од МВР човек треба да размисли што како делува и што критикува и коментира. Не е тајна дека Палевски е голем критичар на власт, тој е критичар и на политиките на опозицијата, но главниот удар е кон владеачката коалиција. Тој говори за Мериот коалиција, напад врз една ваква личност и тоа е голем удар за демократијата во Македонија, голем удар за слободата на говорење, вели Даскаловски.

На коментарот на Даскаловски се надоврза и Момировски кој ги потенцираше критиките на Палевски кон структури блиски до Сашо Мијалков кои се дел од „Иницијативата за вонреден конгрес“ во ВМРО-ДПМНЕ.

-Последните денови ако не се лажам е критичар и на една од струите која што сака да го урне лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, посочи новинарот Горан Момировски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This