April 18, 2024, 11:26 pm

#ДАСКАЛOT Петре

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мојот даскал, го сретнав случајно, го открив шокантно, а тука бил, до мене, но го немав видено, не беше моментот, го гледав со други очи, со друг ум, даскалот кој случајно го открив носеше име Петре М Андреевски.

За фондацијата НЕБРЕГОВО, родната куќа на Конески, како ја купив и во музеј ја претворивме како оснивачки влог на ФОНДАЦИЈАТА за Македонски јазик сум пишувл неколку пати, поточно цели два пати, кај мене на зидот, ова е трет пат, но овој пат ја спомнувам затоа што токму во неа го запознав мојот даскал, очите што ми ги отвори, умот неколку кратно ми откључи, човекот, Македонецот, најголемиот во овој живот што го живеам, мојот даскал Петре.
Активностите на фондацијата беа големи, а Управниот одбор беше составен од Атанас Вангелов, Петре М Андреевски, Старделов, Мартин Панчевски, Трајко Стаматов, Лазе Китановски….кои сите до последен членуваа без хонорари, работе во чест на големиот Коневски. Јас како сопственик на фондацијата секогаш после седниците на управниот одбор, многу често частев вечера или ручек во омилената кафана на Петре кај Јоле, на улица Максим Горски во ЦЕНТАРОТ на Скопје.

На тие вечери, кои многу често од дебати стануваа жестоки кавги, по Македонски, оригинал, Петре многу често беше под напиен, а имаше лоша навика, кога беше пијан и гневен удираше глава, страв немаше, имаше тврда глава ДемирХисарска. Неколку пати бев шокиран, изненаден, од старец со голем дух, од старец со голема, за мене тогаш шокантна љубов кон Македонија, а при тоа да не губи време со Љупчо Георгиевски и џандарскана буљумента во тогашното ДПМНЕ.

Неколку пати останувавме сами со Петре, го видов човекот стар и мудар колку е тажен и гневен, бев бизнисмен, млад, зелен, ќутевме во долги паузи, го гледав внимателно слушав, да наслушнам, причината за толкавиот гнев да ја најдам, барем зирнам. Петре стануваше се поголем и поголем во моите прагматични, бизнисменски очи, затоа што целиот управен одбор, одкако ќе кркнеше и пивнеше, заминуваше во нивните посрани кариери, посрани од денешна дистанца, кога видов дека повеќето од нив тогаш кркаа, денес кркааат и без проблем преку Блажета газат, валкаат, денес повторно бришкаат.

Јас по бизнис забеган, а Петре како старец гневен и тажен, секогаш останувавме на еден од асталите кај Јоле, секогаш го носев на раце дома во Лисиче, во неговата семејна куќа во населба Лисиче. Денес кога во умот пораснав, денес за мене Петре е КОЛОСОТ на Македонија, на крајот на минатиот век и почетокот на овој, новиов, кога не потепаа, како народ не сотреа. Денес дури го видов колкав бил мојот голем учител кого додека учев не го видов најдобро, времево се потруди, времево душманско Петрета со вистинскиот диоптер убаво ми го ПОКАЖА, да го видам, за жал, без чашите да ги чукнеме, без да можам да ги слушнам неговиоте неартикулидани крици од големи важни зборови, а малку на број.

Така, една вечер обична, во Јоле со дим од цигари замаглена, учителот, даскалот се обрати, слушај дете, да научиш….наочарите на пола нос паднати, Петре над асталот се навали, веќе со алкохолот во неговата тага и бес помешани во мака беше потонат.

Блаже…Петре започна, нашиов професор еднаш во една прилика, не надејно ми се јави телефонски директно од ЦК на СКМ, љут ифрит, каков што многу често беше нашиот Блаже, “дете во ЦК одма доаѓај„ . Јас тогаш бев многу млад и зелен еве како тебе, не знаев ништо, бев младо селанче во Скопјево дојдено, се исплашив и се преслушував каде сум погрешил, каде под напиен нешто сум истресол…кариерата уште не започната, мислев дека ми завршила…„
Петре, полу легнат на масата, наочарите на пола нос, белата коса малку подолга, до рамена, со поглед стаклен, плав од очите плави без трепкање започна, од Јоле во просторот надвор забегааааа, одлетаааа.

“Кога Стигнав во КОЦКИНЕ, ме седнаа на кожни функционерски дивани, пред огромната двокрилна врата од претседателската просторија за седници, со кожа тапацирана, седнав, зјапав во вратата и чекав да слушнам каква ми е судбината“. Секогаш со Петрета ми беше интересно затоа што тој беше вулкан од емиција, од песна, не со зборови, со се што правеше, Петре беше човек песна, пијан или трезен сеедно. Ќутев и учев, денес гледам дека било среќа, да го познавам, среќа што многу работи од него научив, но таа што таа вечер ми соопшти, ме изваја, ме дефинираше, патот ми го покажа, борбата и проклетијата ја видов, ми ја покажа тогашниот учител, Даскал, Петре се викаше.

“Замислен, исплашен, одеднаш се отвори ена од двете големи врати, го видов Блаже, кој беше ситен, низок, овој пат го видов Блаже ОГРОМЕН, љут ифрит, ја тресна вратата зад себе, ја откорна, скоро ја искрши, викајќи на цел глас, ОВА Е ДУВЛО НА ВРХОВИСТИ, ова е недопустливо“
Во таа вечер замаглена од цигари, кај Јолета, неможев сериозно да го сватам кажаното, не ми беше верно, но авторитетот на ДАСКАЛОТ ме натера да прашам……“Е како бе сега во ЦК на СКМ дувло на врховисти“, наивно, глупо, прашав како не знајко, мене ми беше многу , многу не јасно: “е како бе Петре ВРХОВИСТИ во тврдион комунизам, па нели со Бугарите очи си вадиме“…. Тоа беше мојата реакција….неможев да го доловам моментот затоа што приказната на Петре беше стара скоро 50 години, приказна на младиот Петре М Андреевски.

“Палчо, тоа е семе проклето, меѓу нас се, секогаш за златници не продавале, јазикот Македонски кој го говорат им е руво за покривање, од душата гнасна не мразат нас Македонците. Во УДБА се главни изнапикани, со златници кариери прават, за златници исти такви не продаваат, не ништат, многу се вешти дете, многу се гнасни…“ На Блаже најмалку 10 години од животот му скратија, љубовта, негова, жената му ја земааа, душмани се Палчо, душмани големи, Блажета го мразеа, го ништеа..Блаже е тажен од нив од ВРХОВИСТИТЕ, во душата го убиваа..“, почна да ги реди од Крстета па се до Бранкота, сета сила на ВРХОВИСТИТЕ, со тага и бес ми ја раскажа, мојот ДАСКАЛ, Петре се викаше, што пееше, песните ги вајаше, со бес и тага за Македонија ги раѓаше, најдобри песни после Рацин, мојот ДАСКАЛ кој од бес и тага за Македонија на сите ГЛАВА им маваше.

Така го видов големиот дефект, така научив политика..од мојот ПЕТРЕ.
#Палчо

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This