Датумите можеби кријат скриена политичка порака

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Датумите (можеби) кријат скриена политичка порака…
Дали датумите на големите настани се бираат случајно или имаат во себе некаква скриена порака?
Во поновата историја на Македонија пречесто се појавуваат исти датуми на кои се случуваат крупни и значајни настани за нашата држава.

02 август 1903 – кренато е Илинденското востание
02 август 1944 – одржано е првото заседание на АСНОМ
➖ Јасна и чиста е причината за оддржување на првото заседание на АСНОМ токму на истиот 02 август, а со цел да се воспостави јасна поврзаност на целите на борбата на илинденците и борбата на партизаните.

10 август 1913 – потпишан Букурешкиот договор
10 август 2001 – парафиран Охридски рамковен договор
➖ Изборот на 10 август за парафирање на Охридскиот договор, можеби е случајност, можеби не. Ако не е, е сигнал дека Охридскиот рамковен договор е своевиден пораз, нов и дополнителен за македонската страна.

08 септември 1944 – прогласена Независна Држава Македонија
08 септември 1991 – референдум и прогласена суверена и самостоја Република Македонија
➖ Иако никој никогаш не проговори, не е чудно да се прифати веројатноста дека изборот на 08 септември за одржување на референдумот не е никаква случајност, туку континуитет на желбата да имаме своја, самостојна, суверена и независна држава.

17 јуни 1990 – формирано ВМРО-ДПМНЕ
17 јуни 2018 – потпишан Преспанскиот договор
➖ За изборот на 17 јуни за потпишување на Преспанскиот договор не треба да веруваме дека е случајност, ниту пак другите карактеристики на тој ден, место, луѓе… На овој датум требаше да биде пратена порака за втора победа на Грција над старата идеја на ВМРО за слобода на Македонија.
⏬️
1 август 1947 – потпишан Бледскиот договор помеѓу СФРЈ и НР Бугарија
1 август 2017 – потпишан Договорот за добрососедство помеѓу Република Македонија и Република Бугарија
➖️ На 1 август 1947 година потпишан е Бледскиот договор помеѓу СФР Југославија и НР Бугарија со што за прв пат Бугарија го признава македонското малцинство и отвара патека за обединување на пиринска со вардарска Македонија. Токму 1 август 2017 година е избран за потпишување на договорот помеѓу Република Македонија и Бугарија како поништување и негирање на Бледскиот договор. Не е случајно ништо, освен необразованоста на нашата политичка елита.

17 ноември 1991- донесен Уставот на Република Македонија
17 ноември 2008 – поднесене тужбата против Грција за прекршување на Привремената спогодба
➖ Ниту изборот на овој датум не треба да се прифаќа како некаква случајност. Победата на Македонија во овој процес беше (за жал заради Преспа веќе не е) момент на потврдување на уставното право за користење на името Република Македонија. Објави Илија Димовски на својот Фејсбук профил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This