ДАТУМ, ПА ДАТУМ, А ЕКОНОМИЈАТА: Пaд на прометот во индустрија во август 2019 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар во август 2019 година, во однос на август 2018 година, изнесува 93.4 или пад од 6.6%, велат од Комисијата за финансии на ВМРО-ДПМНЕ.

-Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар кај Интермедијарните производи во август 2019 година, во однос на август 2018 година, забележува позначаен пад од 18,2%. Притоа, овие производи кои најчесто се инпути за понатамошно производство, што упатува на очекуван пад на индустриското производство во следниот период, потенцираат од Кoмисијата и додаваат:

„Анализирано по индустриски гранки, пад забележува како преработувачката индустрија така и рударството. Притоа, падот е на широка основа, односно прометот во повеќето индустриски гранки забележува пад. Сето ова укажува дека растот на индустриското производство во месеците јули и август е нереален, односно се должи на производството кај една поголема компанија во секторот за производство за електрична енергија“.

Пад на прометот во индустрија во август 2019 годинаСпоред податоците на Државниот завод за статистика, индексот на…

Posted by Комисија за финансии на ВМРО – ДПМНЕ on Wednesday, October 16, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This