April 19, 2024, 10:40 am

ДАТУМ HEMA ДА ИМА НИТУ СЛЕДНАТА ГОДИНА: Привилегиpaно партнерство наместо формално членство во ЕУ за Македонија?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Привилегирано партнерство во вид на економска интеграција, наместо формално пристапување во Европска унија, ќе им биде понудено на Македонија и на другите кандидати од Западен Балкан на самитот во Загреб во мај в година, пишува српскиот весник „Вечерње новости“.

Договорот на земјите-членки на Унијата треба да биде усовен одЕвропскиот совет во март, а на масата се три идеи.

Првата предвидува т.н. секторска интеграција, односно по затворањето на секое поглавје од преговорите државата веднаш да влезе во потполност во системот на ЕУ во таа област, а не да чека додека да стане полноправна членка, како досега. Предлогот подразбира и пристап до сите фондови на ЕУ во конкретната област, како и секоја друга членка.

Втората идеја е т.н. норвешки модел, според кој на Македонија и на другите претенденти од регионот по достигнувањето на потребните стандарди, наместо членство во ЕУ, би им било понудено членство во двете клучни европски (економски) институции: Европско здружение за слободна трговија (ЕФТА) и Европски економски простор (ЕЕА). членки на двете институции се Норвешка, Исланд, Лихтенштајн и Швајцарија, кои не се членки на ЕУ.

Третата идеја е на францускиот претседател Емануел Макрон, кој уште минатата година се заложи за „Европа во повеќе брзини“, односно за три круга на стариот континент. Франција и Германија би биле оската на првиот круг, во кој државите би имале заедничка валута и интегриран пазар на трудот. Вториот круг би ги опфаќал земјите со единствен пазар и слобода на движење, а во третиот и најширок круг би влегле Западен Балкан, а потенцијално и Русија, и Турција.

Франција се залага и новата методологија на преговарање да ги опфати и кандидатите што веќе преговараат за членство – Србија и Црна Гора, како и Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This