April 19, 2024, 11:42 am

ДАФИНА СТОЈАНОСКА: Предложеното законско решение на Венко Филипче и СДСМ прави револт и нови поделба кај здравствените работници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, јавно се прашува што ќе се случи со бранот на вработувања на лекари во јавните здравствени установи.

-Дали со ова ќе се остават на милост и немилост матичните лекари и стоматолозите кои досега веќе требаа да имаат покачен капитационен бод од 90 односно 75 денари? Дали со последните договори за матичните амбуланти со Фондот за здравствено осигурување на Македонија не се зголемува револтот кај ова категорија на медицински работници и што министерството за здравство предвидува за нив, се само дел од прашањата кои денеска од собраниска говорница ги постави пратеничката Стојаноска.

Според Стојаноска, министерот за здравство Венко Филипче прави поделба и револт кај докторите и медицинскиот персонал, бидејќи и покрај тоа што му било понудено да има еднакво покачување за сите здравствени работни, тој не прифатил.

-Со оваа поделба што се прави сега од страна на министерот и овој предлог закон настанува поделба по друг основ меѓу вработените во здравствениот сектор. Филипче со оваа одлука дискриминира околу 22 илјади медицински персонал во јавните здравствени установи или сите оние кои не се доктори, тоа се медицински сестри, лаборанти, радиотехнолози, физиотерапевти и слично, вели таа.

Стојаноска додаде дека на граѓаните од владата на СДСМ им останува само празни ветувања, кои не се ништо ново туку проекти и планови кои досега веќе требало да бидат реализирани. Таа заврши дека според нејзе предлог законското решение не е доволно осмислено и нема да предизвика задоволство ниту кај здравствените работници ниту кај пациентите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This