April 20, 2024, 12:24 am

ДАЦ СЕ ЗАПИЛ УШТЕ ОД 16.00 ЧАСОТ: Пред сообраќајката, директорот на МНТ боемисувал на „Боемска“ во Дебар Маало?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сообраќајката која се случи вечерва во која директорот на МНТ прегази 27-годишна девојка, доаѓа по заканата на МВР дека од денес ќе спроведуваат посилни контроли и ќе ги казнуваат сите возачи кои ќе направат прекршок

Фото: Мајка ти и Татко ти

Очигледно тоа не важело и за директорот на МНТ, Драган Спасов – Дац.

Имено, како што дознаваме, директорот на МНТ по завршувањето на работното време се упатил кон „Боемска“ улица, каде од 16.00 часот ја започнал „фештата“.

Сообраќајката ја направил во 21.30 часот. Цели пет часа по седнувањето во кафеана на „Боемска“ улица во Дебар Маало.

Неофицијалните информации се дека дрегерот на полицијата покажал 2.5 промили алхохол во крвта.

Сообраќајката се случи кај „Шампионче“ на улицата „Огњан Прица“ во општина Кисела Вода.

Девојката е полесно повредена и пуштена на домашно лекување.

Портпаролот на МВР, Тони Јакимовски, иако вети дека ќе ни даде повеќе информации, откако побаравме потврда или демант од МВР го исклучи неговиот мобилен телефон.

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This