ДАЧИЌ ГНEBEН: Додека на маса се бара компромис, под маса се договара Голема Албанија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ истакнал дека „Србија е мала, но не е глупава земја“, пренесуваат српските медиуми. Тој изјавил дека „додека Србија зборува за компромис и дијалог, Приштина и Тирана под маса договараат создавање „голема Албанија“.

Дачиќ во своето гостување во Дневникот на РТС, рекол дека разговорот на косовскиот претседател Хашим Тачи и албанскиот премиер Еди Рама за „национално обединување“ заслужува остap одговор.

Не зборува Србија за тоа (за Голема Албанија), туку Тачи и Рама. Ова е плyкање во лицето на цела ЕУ, на сите кои Србија ја убедуваат дека треба да бидеме конструктивни и мирни. Ние седиме на масата, а тие под истата маса договараат создавање „голема Албанија“, кажал шефот на српската дипломатија.

Договарањето на Рама и Тачи, според него, е врвен безобpазлук на албанските политичари бидејќи на еден самит на кој се зборува за регионалната соработка тие зборуваат за „исправање историски непpавди“.

Министерот за надворешни работи смета дека сега се поставува прашањето дали Србија треба да учествува на собирите како актуелниот во Тирана бидејќи, како што кажа, „зад нашиот грб се турка идејата за „голема Албанија“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This