Дачиќ: Дали бев во Македонија или во БЈРМ, зависи од нив

Поврзано

- Advertisement -
Одговорот на прашањето дали знае српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во која земја доаѓа, во Македонија или во БЈРМ стигна преку српските медиуми.
mkd-306991
- Advertisement -

„Тоа зависи од нив. Каков став ќе имаат тие за нашето најважно прашање, таков став ќе имаме и ние за нивното. Без лутење и кавги, само чисти сметки“, изјавил Дачиќ за српски „Блиц“.

Дачиќ, кој учествуваше на состанокот на министри за надворешни работи и за енергетика на шесте земји од Западен Балкан, Албанија, БиХ, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија, во Скопје одбегна да одговори на прашањата од македонските новинари, дали знае во која земја доаѓа.

Наместо него, одговорот стигна од министерот за надворешни работи, Никола Попоски, кој рече „ Да, Дачиќ знаеше дека дошол во Република Македонија, како што знаат и многу други во Србија“.

На прашањето дали добил појаснување од Дачиќ за неговите изјави, Попоски со одговор дека тоа не било ништо поинакво од претходните изјави.

„Објаснувањето не беше ништо поинакво, но ја разбираме чувствителноста што ја имаат, особено пред гласањето за членство на Косово во УНЕСКО. Сепак, ние сме одлучни да продолжиме со регионалната соработка и да ја продлабочуваме”, рече Попоски.

Дачиќ во јануари кажа дека Србија згрешила што ја признала Македонија под нејзиното уставно име, бидејќи таа го признала Косово.

„Србија направи голема грешка околу тоа. Цела Европа и светот го користат називот Бивша Југословенска Република Македонија, а ние на браќата Грци им удривме шлаканица и сега очекуваме тие да не го признаат Косово, а Македонија ја признавме навредувајќи ги Грците, а тие (Македонците) секогаш гласаат за Косово. Морам да кажам дека сме будали. Еве, ќе употребам недипломатски израз“, рече тогаш Дачиќ.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This