ДАЧИЌ ДЕМАНТИРА: Србија не се согласила да ја прeкине кампањата за повлекување на признавањето на Косово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Србија се согласи да ја прeкине кампањата за повлекување на признавањето на независноста на Косово, потврдија за новинарите дипломатски извори во Брисел, како што објави Радио Слободна Европа (РСЕ). Но, министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, ги дeмантираше овие информации, изјавувајќи дека станува збор за „голема лага“.

Според Радио Слободна Европа (РСЕ), белградските власти дале согласност за да придонесат во атмосферата за повторен почеток на дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

-Како дел од добрата волја да се создаде атмосфера погодна за продолжување на дијалогот, Белград се согласи да не продолжи со оваа кампања, им потврди на новинарите висок дипломатски извор во ЕУ, пренесува РСЕ.

Претставниците на Европската унија кои се занимаваат со процесот на дијалог истакнаа дека кампањата на Србија е „иритирачко прашање“.-

-Ние мора да изградиме позитивен потик и да не се иритираме едни со други, порачаа од ЕУ, пренесува РСЕ.

Министерот Дачиќ изјави дека информациите за прекин на кампањата се „голема лага“.

-Србија не ја запре кампањата за повлекување на признавањето на Косово, ниту ќе запре ако сите други не престанат со кампањата за признавање на т.н Косово, истакна Дачиќ, пренесува Танјуг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This