April 20, 2024, 11:34 am

ДАЧИЌ: ЕУ не удира по глава што ја признавме Македонија под нејзиното уставно име

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека во Македонија постои мислење дека Србија работи против македонските интереси, иако Белград тоа во повеќе наврати го негирал. Напротив, тврди српскиот министер, не постои ниту една земја која помалку го оспорува Скопје од Србија. Во емисија на телевизијата „Хепи“ Дачиќ истакна дека неговата земја дури и се соочува со проблеми од Брисел поради тоа што Македонија ја нарекува со уставното име.

– Не предупредуваат од ЕУ бидејќи го користиме терминот Република Македонија.  Тоа е најголемата иронија. Имаме проблеми во преговорите со ЕУ. Тие велат – мора ПЈРМ. Не удираат по глава што ја признавме Македонија под нејзиното уставно име. Грците се лутат, ЕУ се лути, а Македонија гласа за Косово во УНЕСКО. Само кај нас Србите има такви глупости. Пројдоа библиските времиња кога некој ти удира шлаканица а ти му го вртиш и другиот образ. Мора реципроцитет. Сакате да бидеме пријатели? Ќе бидеме, но тоа мора да биде обострано – вели Дачиќ.
Во интервјуто Дачиќ проценува дека конфликтите на Балканот се ставаат под тепих но поради тоа ниту од далеку не се завршени, односно дека „само слеп човек може да верува“ оти е ставена точка на проблемите на полуостровот.
– Дали се оддалечени проблемите поради кои почнаа војни на Балканот – не се. Ова е само интермецо меѓу некои нови судири, не поради Србите, туку поради нерешените прашања на Балканот. Ако големите сили тоа не го разбираат, а и тие прават дополнителни проблеми, ќе се вртиме во круг – смета Дачиќ.
Во двоиполчасовното интервју влијателниот српски министер, додава дека големите западни сили, иако српски партнери, всушност вршат неверојатен притисок врз земјите кои не го признале Косово, додека Русија е практично единствениот вистински пријател на Србија и Москва со своето право на вето во Советот за безбедност нема да дозволи Косово да стане членка на ОН. Сепак констатира дека времињата се менуваат и полека се напушта перцепцијата дека Србија е главен виновник за проблемите на Балканот.

12 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This