ДАЧИЌ СЕ НАЛУТИ НА МАКЕДОНСКАТА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА: Ние ја признавме Македонија удирајќи им шлаканица Грците, а тие го признаваат Косово!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ најави дека Србија ќе игра поконструктивна улога во решавањето на проблемите во регионот. Но, тој истакна дека Србија би можела да гласа против интересите на соседните земји кои не ја поддржале за важните прашања, како признавањето на Косово или неговото членство во Унеско.

Во интервјуто за агенцијата Бета Дачиќ кажа дека тоа не е одмазда туку политика на реципроцитет и дека Србија нема да дозволи никој да ја понижува.

„Јас едвај чекам да се појави во меѓународните институции некој став кој е важен за Македонија, за Црна Гора, па ќе видиме како Србија ќе се постави“, кажа Дачиќ.

Признавањето на Косово и поддршката на неговото членство во Унеско, според Дачиќ, ги оптоварува односите на Србија со соседите, но тоа не значи дека Србија ќе презема нешто билатерално против соседите.

„Јас не кажувам дека ние сега нешто ќе преземаме против Црна Гора, или Македонија, или Хрватска или кој било друг, јас само зборувам за нашиот однос кон нивните барања кога тие ќе бидат на дневниот ред, а инаку тоа нема врска со билатералните односи. Замислете кога Србите во Црна Гора едноставно би прогласиле отцепување… Во што е разликата? Албанци има процентуално помалку во Србија“, кажа Дачиќ.

Дачиќ кажа дека Србија згрешила што ја признала Македонија под нејзиното уставно име, бидејќи таа го признала Косово.

„Србија направи голема грешка околу тоа. Цела Европа и светот го користат назизот Бивша Југословенска Република Македонија, а ние на браќата Грци им удривме шлаканица и сега очекуваме тие да не го признаат Косово, а Македонија ја признавме навредувајќи ги Грците, а тие (Македонците) секогаш гласаат за Косово. Морам да кажам дека сме будали. Еве, ќе употребам недипломатски израз“, кажа Дачиќ.

Тој кажа дека Белград во билатералните односи со Скопје ќе го употребува уставното име, но дека мултилатерално ќе се користи името што го користат ЕУ и ОН – БЈРМ.

„Сега вие ќе кажете дека тоа е одмазда. Не е тоа одмазда, тоа е одговорна национална политика. Не е Србија крпа па секој да може да ја шутка. Ние никому не дозволуваме да нѐ понижува. Ако некому не му се важни нашите цркви и манастири на Косово и Метохија, кои се запалени и уништени, и тоа не е доволно барем да биде воздржан околу прашањето за Унеско, тогаш јас морам да го поставам прашањето за суштината на нашите односи“, заклучи Дачиќ.

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This