April 18, 2024, 11:01 pm

ДАЧИЌ СЕ ПЛАШИ ОД ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД: Албанската дијаспора планира напади врз амбасадите на Србија поради Рамуш Харадинај!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првиот потпретседател на Владата на Србија и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денес предупредил, дека според безбедносните информации со кои располга, во албанската дијаспора се планира завземање на некое српско конзуларно претставништво во САД или Европа со цел да се одврати Србија од барањето за судење на Рамуш Харадинај

dacic-1

„Тоа покажува на што се албанските политичари се спремни – па дури и на тероризам“, оценува шефот на српската дипломатија, кој неодамна наместо да ги зацврстува односите со Македонија, реши, по нарачка на истиот чадор под кој се наоѓа и Зоран Заев намерно да ги расипува.

Според неговите зборови, изјавата на албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Буштаи покажува дека суштината на албанската политика е да се дозволуваат злосторства со цел остварување на нивната крајна цл.

Затоа, како што наведува, се решија да дадат налог на албанската емиграција да демонстрира пред амбасадите на Србија и Франција во Њујорк.

„Имаме информации дека во албанската дијаспоре се планира завземање на некое од нашите дипломатско-конзуларни претставништва во САД или Европа, со цел Србија да се принуди да отстапи од барањата за судење на Харадинај“, рекол Дачиќ во пишана изјава доставена до српските медиуми.

Инаку Дачиќ беше дел од прстенот на трговија со незаконски прислушкуваните материјали, кои ги добивал од Заев преку Зоран Божиновски, рекетар кој беше под негова лична заштита.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This