ДАЧИЌ: Странските дипломати да не и делат лекции на Србија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ на странските дипломати во Белград им порачал дека не треба да и делат лекции на Србија и да не се мешаат во нејзината политика, пренесуваат српските медиуми.

dacik

Дачиќ, реагирајќи на изјавата на украинскиот амбасадор Олександар Александрович, дека Србија гласајќи против резолуцијата за Крим „си пукала во нога“, рекол дека не е сигурен дека тие кои гласале за предлог резолуцијата за Крим така би гласале и кога би с работело за Косово.

„Им симнувам капа на сите оние гласале против Русија околу Крим, доколку напишат така и за Косово, кога се работи за територијалниот интегритет на Србија“, порачал Дачиќ, според кого Србија „би можела да има и одредени примедби поради гласањето на Украина“.

Дачиќ повторил дека Србија гласала против резолуцијата за Крим во ОН поради „остро интонираниот текст, во кој на најбезобѕирен начин се напаѓа Русија“. Српскиот министер повторил дека Србија го почитува територијалниот интегритет на Украина.

Украинскиот амбасадор во Белград, Олександар Александрович минатата среда изјавил дека гласањето против оваа резолуција за Крим „на Србија би можело да и се врати како бумеранг“.

„Постои англиска фраза, „да си пукате во нога“. Верувам дека Србија го направи токму тоа со гласањето бидејќи во некој момент од иднината оваа одлука би можела да и се врати како бумеранг во вашите напори да го задржите Косово. Не го разбирам ова што го правите“, рече тогаш украинскиот амбасадор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This