Дачиќ: Хаг подготвува апсење на Хашим Тачи, 99% сум сигурен во тоа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, тврди дека во Хаг е најавено апсење на поранешниот премиер и претседател на Косово, Хашим Тачи, што треба да се случи наскоро. Дачиќ истакна дека е 99 проценти сигурен дека такво нешто ќе биде направено.

Во гостување на телевизијата „Хепи“, Дачиќ порача дека Тачи знае што го чека и дека судот нема да објави дали обвинението против Тачи е прифатено или не.

Дали (Тачи) ќе биде осуден или не, не знам. Но, тој ќе биде уапсен, веројатноста е 99 проценти – изјави Дачиќ.

Српскиот министер посочи дека никој не треба да се радува на тоа, туку треба да се бараат докази.

Треба да учиме од Евреите… да знаеме за секоја жртва, историја, да запомниме, едноставно да бидеме наша национална болка што треба да ја пренесуваме од колено на колено – изјави Дачиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This