ДАЧИЌ: Харадинај и Тачи си играат добар и лош полицаец и не се знае кој кого слуша!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дачиќ за Глас на Америка изјави  дека Рамуш Харадијан и Хашим Тачи играат различни улоги во преговорите, и не се знае кој кого слуша.

„Очигледно е дека едниот игра добар полицаец, а другиот лош. Прашање е кој е главен. Затоа реков дека не верувам дека обидите на САД да изврши притисок врз Приштина се безуспешни“, констатираше Дачиќ.

Дачиќ вели дека тензиите помеѓу Белград и Приштина се зголемени, но Србија ќе се воздржи од било какви потези иако и е во интерес што побргу да се дојде до решение. Тој додаде дека идејата за разграничување што ја споменаа претседателите на Косово и Србија се уште не е разработена.

„Дијалогот е во прекин и не очекувам на укинување на даноците за да би можел да се продолжи. Има одлука за војската, за Трепча, како што изјави Харадинај и затоа мислам дека за се ова треба да се разговара во Советот за безбедност“, изјави тој.

На Србија не и е важно колку пати годишно се расправа за Косово, се додека тие седници се одржуваат.

За изјавата на премиерот Харадинај дека се прекинува комуникацијата со УНМИК Дачиќ искоментира дека ова не е нешто ново.

„Харадинај е дел од власта која си игра добар и лош полицаец. Секако мислам дека неговата изјава е скандалозна и ќе биде уште посканадалозно ако ја оствари. Обврска на сите членки на Советот за безбедност е да го предупредат Косово дека не може да ја прекине комуникацијата и токму затоа мислам дека е потребно да се одржи седница“, рече тој.

Дачиќ рече дека помошникот државен секретар за Европа и Евроазија влијаел на промената на ставот на САД во однос на Србија, но и дека тој заминува од функцијата кон средината на февруари.

„Јас изјавив дека шансата за постигнување договор е поголема додека Трампп е на власт и затоа треба да побрзаме. Ако сега не се договориме, тешко е дека ќе успееме со следната владеачка гарнитура на САД. Затоа е важно да вложиме напори и да дојдеме до решение пред истекот на оваа година“, нагласи Дачиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This