April 26, 2024, 11:09 am

ДА БЕВ ПРАТЕНИК, ЌЕ ГЛАСАВ ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Митко Јанчев во интервју за Дојче Веле изјави дека би гласал „За“ уставните измени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на општина Кавадарци, Митко Јанчев, во интервју за Дојче Веле изјави дека доколку тој бил пратеник ќе гласал „ЗА” промена на уставното име на државата и дека го прифаќа повикот од пермиерот Зоран Заев за амнестија за настаните од 27-ми април.

На прашањето дали би гласал за имзени на Уставот, доколку бил пратеник, Јанчев одговори:

-Би гласал, но тоа нема да биде безусловен глас. Би гласал под одредени услови. Ми се допадна предлогот на пратеникот Панчо Минов. Во таа насока, и јас на пример, би поднел неколку амандмани со цел да се обезбедат дополнителни гаранции за нашата држава. Прво, новото име да не се применува за внатрешна употреба сѐ до приемот на Македонија во ЕУ. И тие гаранции би ги барал од ЕУ, со оглед дека нејзини претставници во изминатиот период дојдоа да дадат поддршка на Договорот со Грција. Сметам дека тоа може да се реализира, а и Грција би била помотивирана што поскоро да станеме членка на ЕУ, односно да не ја блокира Македонија во текот на преговорите. Значи, во тој дел Договорот да се спроведува сукцесивно, согласно со приближувањето на Македонија до полноправно членство во Унијата. И притисок до ЕУ во таа насока треба да има и од власта, и од опозицијата. Второ, да се гарантира македонскиот јазик и идентитет. Трето, да се гарантира дека односот на државата кон дијспората навистина ќе се регулира според европски терк. Ако сето ова се прифати и се усогласи, зошто не би гласал?

Заев вчера од собраниската говорница повика на помирување за настаните од 27-ми април, ова Јанчев го сфатил како повик за амнестија, па истакна дека треба да се прифати.

-Кажете ми, како го разбравте вие? Јас го разбрав како повик за амнестија. И ајде да ја направиме таа амнестија. Ајде да ги ослободиме луѓето, кои во таа еуфорија на 27-ми април, без намера или некаква организација, ненамерно направиле глупост. Таа работа треба да заврши во парламентот, со едногласно крената рака за амнестија на сите. Јас така би постапил.

Целото интервју може да го прочитата ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This