ДА ГО ПОЧАСТИМЕ КУМАШИНОТ: Кумашинот на Бобо и Шекеринска станал главен дистрибутер и застапник на „Лотарија на Македонија“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фирма блиска до СДСМ и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, станала главен дистрибутер и застапник на „Лотарија на Македонија“ – дознава Лидер.

Се работи за компанијата „Експанда“, која, според проверката во Централен Регистар е во сопственост на Методија Стефановски, познат како „Тоде Хардрок“ – бизнисмен кој во изминатите 30 години е во блиска поврзаност со владејачката СДСМ и некогашен сопственик на дискотеката „Хардрок“, во која се случи огромен инцидент.

Директор во фамозната „Експанда“ е неговиот шура, Златимир Милковски, кој во исто време е кумашин на сопругот на министерката Шекеринска, Божидар Јанковски (Бобо Дајнерс).

Како што дознаваме, „Експанда“ добила ексклузивно право да биде дистрибутер на производите на државната „Лотарија на Македонија“ а во исто време, поседува и свои локации за коцкање и  грепки низ Македонија.

За поврзаноста, од фирмата која ја води кумашинот на парот „Шекеринска – Јанковски“, се пофалиле и на нивната веб страница, expanda.com.mk, каде што „Лотарија на Македонија“ е посочена како партнер на „Експанда“.

Се поставува прашањето, дали компанијата на Златимир Милковски го добила овој огромен бизнис поради неговата кумашинска поврзаност со Шекеринска и нејзиниот сопруг? Ова е проблематика со која „Лидер“ како медиум не може да се бави, но и тоа како има работа за Антикорупциската комисија (која во измимнатите неколку месеци доминантно ја истражува опозицијата).

Во скопската јавност се тврди дека на Миковски, бизнисот му бил даден токму од неговата „кума“ Радмила, но, вмешан бил и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков. Имено, синот на газдата на „Експанда“ може често да се забележи во скопските кафулиња во друштво на Јордан Мијалков и Александар Јовановски – Жути, кој требаше да добие тендер за набавка на реагенси од министерството за здравство во вредност од 35 милиони евра – но медиумите ја спречија операцијата.

Во исто време, веќе подолго време фирмата на кумашинот на Бобо и Радмила е застапник за цигарите „Филип Морис“ во Македонија, а во деведесетите истите луѓе беа вмешани во бизнисите со фри-шопови.

Фри-шопови, цигари, коцка а од сега и државен бизнис преку „Лотарија на Македонија“, ова е портфолиото на „Експанда“ и кумашинот на Шекеринска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This